0 коментари 2 мин. читање

Симнати 2 милијарди апликации од Apple Аpp Store

{mosimage} Над 2 милијарди апликации се симнати од продавницата за апликации, објави Apple додавајќи дека сега во продавницата има над 85.000 апликации достапни за 50 милиони корисници на iPod touch и iPhone од 77 земји. Ова значи дека секој ден се симнуваат 6.6 милиони апликации .

„Брзината на симнувања од продавницата за апликации (App Store) се забрзува па корисниците симнаа неверојатни две милијарди апликaции за само една година, вклучувајќи половина милијарда само во оваа четвртина. App Store го промени начинот на кој ги користиме мобилните телефони, а јасно е дека нашите корисници го сакаат тоа“ вели Стив Џобс, извршниот директор на Apple.

Само пред 3 недели на Apple Rock and Roll настанот беше објавена статистика дека има 75.000 апликации симнати околу 1.8 милијарда пати. Значи за само 3 недели се додадени уште 10.000 апликации и корисниците симнале уште 200 милиони апликации.

{mosimage}

Тоа што го прави овој бизнис модел успешен е што Apple овозможи платформа во вид на уред и онлајн продавница преку која луѓето стартуваа бизниси. Пример за успехот е Етан Николас кој заработи 600.000 долари од продажбата на својата апликација.

Такви бизниси има и во Македонија. Имавме интервју со Venikom, програмеритe зад iSeeYou aпликацијата, а наскоро и со креаторите на SportyPal апликацијата која има 30.000 корисници ширум светот.

Што се однесува до тоа колку пари прави Apple од апликациiте се уште нема податоци. Apple зема 30 отсто од продадена апликација, но огромен дел од осумдесет и петте илјади апликации што се нудат во App Store се бесплатни.

Но ова е само почетокот. По успехот на Apple и останати производители на мобилни и софтвер за мобилни го почуствуваа потенцијалот на апликациите и се сконцентрираа на отвoрање вакви платформи за апликации.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top