(линк до продолжението на интервјуто на TechCrunch со Стив Балмер, директорот на Microsoft, можете да го најдете под првобитниот текст)
{mosimage} Во следниве 10 години ќе видиме многу иновации во интернет пребарувањето, вели Стив Балмер, извршниот директор на Мicrosoft во интервју за TechCrunch. Покрај пребарувањето г-дин. Балмер зборува и за cloud computing, за споделување технологија, за Zune, за купувањето на Microsoft на околу 15 компании во 2009 и за Twitter.
„Тwitter ќе биде одличен. Мислам, не дека сакаме да го купиме, но да го искористиме Twitter како дел од еден од нашите бизниси , тоа е правото прашање за нас.“ вели Стив Балмер додавајќи дека „момците од Twitter се жестоко посветени да останат независни“.
Во интервјуто г-дин. Балмер го објаснува „three screens and a cloud" терминот, што се однесува на трите екрани (PC, телефон, ТВ), велејќи дека во иднина, делумно и сега, тие уреди ќе имаат повеќе функции и ќе бидат поврзани со облакот oд каде што ќе ги црпат информациите. Затоа е потребно да се сподели технологијата со програмерите со цел да се понуди поинакво искуство на корисникот со секој поединечен уред.
Што се однесува за cloud computing на прашањето на Maјкл Арингтон, уредникот на TechCrunch, „Што ако некој користи Amazon веб сервиси?“ г-дин. Балмер одговара дека не е возможно да се направи само една платформа за нивните сервиси. „Секако дека ќе има луѓе кои поради која било чудна причина нема да користат Windows, туку Linux, боже ме сочувај, така треба да се соработува, но тоа што ние треба да го направиме е да бидеме први и најдобри во подржување и интергација на нашата платформа.“
Подолу е видео од интервјуто, а транскриптот можете да го најдете на TechCrunch. На овој линк можете да го најдете транскриптот преведен на македонски со Google Translate.
Надополнето: Истражување и развој на прво место
Во продолжение на интервјуто на TechCrunch со Стив Балмер, директорот на Microsoft објаснува дека од 20 милјарди долари профит, 10 милијарди се инвестираат во истражување и развој.
Стратегијата на Microsoft е опишана во три дела и тоа:
- Подобрување, надополнување на постоечки бизниси (краткорочна инвестиција) за која г-дин. Балмер вели дека најголемиот дел од профитот доаѓа од подобрување на сегашните бизниси.
- Креирање работи од почеток (долгорочна инвестиција). Според г-дин. Балмер не е можно да се започне нов бизнис од почеток и да се дојде до големи профити во краток временски рок, дури ни Google и Facebook не достигнале големи профити во првите 5 години.
- Големо купување на друга компанија/сервис (кратенка)
А што не очекува во иднината според директорот на Microsoft? Според него во наредниве 5 години ќе видиме експлозија на развојот на апликации. Покрај апликациите, г-дин. Балмер вели дека ќе има седум бизниси кои драматично ќе се развијат во наредниве години: PC иновации, комуникациски алатки, телефони, ТВ, интернет пребарување и бизнис инфраструктура и сервери.
Целиот текст можете да го најдете на TechCrunch. Eве и македонски превод од текстот. (преведено е со Google Translate, па преводот може да биде чуден. )






