Што значи Windows 10 Creators Update за гејмерите?

Со оглед на тоа дека Windows 10 build 15007 е достапен за Windows Insider-и веќе полесно може да се добие увид во промените кои нè очекуваат. Посветувајќи го вниманието на гејмерите и ветувајќи дека „2017 ќе биде монументална година за играње игри во Microsoft“, компанијата ги зема во предвид повратните информации и вложуваат напори за воведување подобрувања во четири области:

  • стримување,
  • перформанси,
  • луѓе и
  • натпревар.

Во натпреварувачкиот оддел, Xbox Live ќе добие Arena, а со тоа и можноста да се создава и учествува во гејминг турнири. Со купувањето на Beam, меѓутоа, Microsoft исто така се надева да овозможи озбилен кандидат и за стримување игри.

„Beam ќе го поврзе вашиот Xbox Live акаунт и ќе го олесни стримувањето на вашите омилени игри преку Beam и вашата Xbox Live заедница“, објаснува гигантот од Редмонд и додава дека: „никаков додатен софтвер нема да биде потребен и дека гледачите ќе можат да ги гледаат вашите стримови од каде било, а и лесно да стапат во интеракција со вашето емитување“.

Она што нас можеби најмногу нè интересира е зголемување на перформансите преку таканаречениот Game Mode, кој би требало за време на играњето да ги „исклучи“ сите непотребни апликации и процеси во заднина кои не се критични за играта, сè со цел да ги насочи ресурсите за пофлуидно искуство при играњето.

Microsoft имаше што да каже и на оваа тема: „Нашата цел е да го направиме Windows 10  најдобар за играње игри. Со Creators надополнувањето, воведуваме нов режим наречен Game Mode. Инсајдерите ќе забележат дел од визуелните елементи за Game Mode веќе неделава, а целосна функционалност на алатката набргу потоа“.

Oлеснително и проширено управување би можеле да очекуваме и при интеракција со водичот за Xbox. Па така, ќе можете да започнувате снимање GameDVR клипови, да ја прилагодувате нивната должина и да ги прегледувате директно од самиот водич. Визуелни промени се очекуваат и во прегледувањето на достигнувањата, Leaderboard и Cortana.

Windows 10 Creators Update се очекува да излезе во aприл.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments