3 коментари 4 мин. читање 18 јануари, 2017

Обама ја помилува Челси Менинг, на потег е Џулијан Асанж

Со една од последните, ако не и последна одлука досегашниот претседатeл на САД, Барак Обама ја скрати казната на војникот Челси Менинг (претходно Бредли Менинг). Тој таа сега ќе излезе многу порано од предвиденото. Менинг е осудена на 35 години затвор, а веќе одлежа 7 години. Ова сепак е најдолга казна за протекување информации, потенцира New York Times.

Со ова скусување на казната, Менинг ќе излезе од затвор на 17 мај. Ова е добра вест и за американското Министерство за одбрана. Менинг е во процес на промена на својот пол, а министерството нема искуство со ваков случај и не знае како точно да постапи за таа одлука на војникот. За среќа, овој пат одлуката е одложена, па ќе можат да размислат за следниот ваков случај.

Менинг е затворена поради протекување на податоци, што беше окарактеризирано како велепредавство на САД, бидејќи споделените податоци беа објавени на Wikileaks. Обвинителството го ја обвини, а судот го ја осуди за протекување на доверливи информации и велепредавство; поради што војникот беше осуден на вкупна казна од 35 години затвор. Одлуката за помилување на помина без контраверзи. Дел од претставниците на Републиканците, предупредуваат дека ова ќе ги охрабри шпионите; кои ќе поминуваат неказнето.

„Госпоѓица Менинг е свиркач со најдолга казна во историјата на САД.“, велат адвокатите на Менинг. „Нејзината 35-годишна затворска казна за откривање на информации кои служат на јавниот интерес и никогаш не предизвикаа штета на САД отсекогаш беше прекумерна. Пресреќни сме дека со оваа одлука правдата пристигна.“

Податоците кои ги објави Менинг покажаа дека: армијата на САД во Ирак и Авганистан ги малтретира затворениците; цивилните жртви се многу поголеми отколку што се прикажува во брифинзите и куп слични податоци, како оние кои покажуваа дека во Гвантанамо има затвореници за кои нема никакви докази или дека во американски хеликоптерски напад се убиени двајца новинари на Reuters. Изнесување на сите овие информации во јавноста покрај затворската казна на Менинг, придонесоа и за светска слава на Џулијан Асанж и WikiLeaks.

Ова помилување нè води до потсетување на еден интересен твит од 12 јануари. Џулијан Асанж на Twitter, напиша дека доколку Обама ја помилува Менинг, тој ќе се предаде на властите во САД. Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон каде се крие од екстрадиција.

Поддршка за помилувањето дојде и од Едвард Сноуден кој ѝ се заблагодари на Менинг за сè што направи. Едвард Сноуден не е помилуван од г. Обама. причината за ова е што за разлика од Челзи Менинг, г.Сноуден не помина низ правните процедури.

„Г. Сноуден избега кај непријателот, побегна во држава која неодамна се обиде да ја поткопа нашата доверба во демократијата.“, пренесе New York Times.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Pero
Pero
9 years ago

Челзи Менинг е жена, не може „Менинг е осуден“.

Мени
Заедница
Изглед
To top