Во денешната дигитална ера и презаситен пазар важно е да знаеме како да се издвоиме од конкуренцијата. Секако, веб-страницата е идентитетот на бизнисот, но сама по себе не е доволна за да се привлечат повеќе корисници кои би го купиле вашиот производ или би се претплатиле на вашиот сервис. Затоа треба да знаете како да го извлечете максималниот потенцијал на сајтот.
Веќе се подразбира дека веб-страницата мора да биде добро оптимизирана за мобилен, бидејки речиси 90% од корисниците (глобално) користат телефони за да пристапат на интернет, но и дека треба да имате добра структура, навигација и привлечен дизајн. Ако најголем дел од вашите посетители доаѓаат преку мобилен, тогаш треба да се осигурате дека целото корисничко искуство се одвива без пречки.
Не ги заборавајте ниту корисниците кои пристапуваат преку десктоп. Целокупното корисничко искуство мора да биде оптимизирано за секој уред.
Но, дали е тоа доволно?
Всушност, на овој начин искористувате сосема мал дел од целокупниот потенцијал на вашата страница.
Во продолжение прочитајте што сè влијае врз продажбата преку вашиот сајт:
1. User journey или т.н. Корисничко патување/патека
Во овој дел спаѓа креирање содржини соодветно за вашиот идеален купувач. Самиот поим корисничко патување насочува на патеката која посетителот ја започнува во моментот кога го отвора вашиот сајт, па се до крајната одлука – да купи ваш производ или да се претплати на услуга. Секако, покрај навигацијата и структурата на сајтот, важно е да обрнете повеќе внимание и на содржините.

Сите содржини на сајтот мора да бидат релевантни, привлечни и информативни. Со нивна помош, посетителот ќе донесе одлука заснована на карактеристики на производот/услугата, цената, како и оценките од постоечките корисници.
Зошто е сето ова важно?
Квалитетните содржини градат доверливост, со што потенцијалниот корисник полесно носи одлука да ги потроши своите пари. Доколку на сето тоа додадете и „повик за акција“ (CTA – Call-to-Action), со сигурност давате максимална вредност на содржините на сајтот.
2. Градење на основа за сите маркетинг канали
Веб-страницата треба да ја сметате како основа на вашиот маркетинг, и тука да ги кажувате вистинските работи на посетителите кои доаѓаат за да можете да ги филтрирате тие што не се релевантни, а да им ја убрзате одлуката за купување на тие што вам ви се важни. Затоа овде е важно да имате и добри ранкизни и поголем број на посети, па затоа е важно да го знаете следново:

Како сајтот ги создава основите за најважните маркетинг канали?
- Бренд идентитет – Вашиот сајт е рефлексија на брендот. Посетителите добиваат прв впечаток токму од дизајнот, конзистентноста во брендирањето и детали кои лесно се забележуваат и запаметуваат.
- Оптимизирање за интернет пребарувачи – Со оптимизирање на содржините, но и техничките аспекти на веб-страницата, ја подобрувате онлајн видливоста и привлекувате повеќе посетители преку пребарувачите.
- Content маркетинг – Вашиот сајт е совршена платформа за content marketing кој ќе ви помогне да се поставите себе или вашата компанија како лидер на пазарот.
- Интеграција со социјални мрежи – Во денешно време, добар глас се шири и преку социјалните мрежи. Па така, наместо да додавате „повик за акција“ кој ќе гласи „Споделете ја оваа содржина доколку ви се допаѓа“, доволно е да додадете „social media sharing buttons“. Но, не заборавајте ниту на копчињата кои водат до вашите профили на социјалните мрежи.
- Email маркетинг – Овој вид на маркетинг служи за таканаречена „нега“ на вашите „leads”. Со помош на сајтот можете да изградите таргетирана мејл листа и да ги промовирате своите производи директно кон оние кои се вистински заинтересирани за нив.
Сите овие канали се важни, но да се фокусираме подетално на дел од нив.
3. Оптимизирајте и за пребарувачи
SEO (Search Engine Optimization) е од големо значење за подобрување на продажбите. Со оптимизирање на содржината и структурата на сајтот ја подобрувате онлајн видливоста и привлекувате повеќе потенцијални купувачи.
Пред многу години, SEO беше многу поедноставна активност, бидејќи беше доволно само да вметнувате релевантни и поврзани клучни зборови (keywords) и да се надеваме на најдоброто. Но, Google и другите популарни пребарувачи веќе одамна ги имаат променето алгоритмите за рангирање на веб-страници, со цел да се даде предност на професионално изработени и оптимизирани страници кои нудат вредност и се корисни за посетителите.

Дополнително, ова значи дека SEO не е активност која се спроведува еднаш и нема потреба од подобрување во иднина.
Зошто? Пред сè, пребарувачите можат да ги менуваат и надоградуваат алгоритмите, па мора да се држи чекор и со тоа. И секако, секоја SEO стратегија е уникатна за бизнисот. Дури и два директни конкуренти не можат да применат иста стратегија и да очекуваат исти резултати.
Истражување на клучни зборови (keyword research) – Процес во кој истражувате за кои клучни зборови рангираат конкурентите, колкава е конкуренцијата, бројот на пребарувања и слично. На овој начин ги идентификувате клучните зборови и фрази наменети за вашата целна публика. Оваа анализа се прави преку алатки како Ahrefs, Google Keyword Planner или SEMrush.
On-page оптимизација – Како што кажува самиот поим, оптимизирате за она што се случува во рамки на страницата. Почнувате од оптимизирање на HTML структурата, но и на самиот текст. Во on-page оптимизација спаѓаат:
- Оптимизирање на meta title
- Оптимизирање на meta description
- Дополнување на содржините со релевантни keywords кои ги пронајдовте претходно
Внимавајте, содржините мора да останат валидни и информативни за публиката и лесно читливи за пребарувачите.
Техничко SEO – Во овој процес се работи на „backend“ промени кои го подобруваат перформансот на сајтот, како што е брзината на лоадирање или мобилната респонсивност, со цел ботовите на пребарувачите полесно да го анализираат сајтот.
Повратни линкови (backlinks) – Ова е еден од најважните фактори за градење релевантност и пред пребарувачите, но и пред читателите. Во принцип, „backlink“ добивате кога некој ќе ве цитира како извор, ќе се повика на вас како ресурс, или ќе даде препорака до ваш производ, преку креирање линк-врска до вашата страница. На овој начин пребарувачите добиваат сигнал дека се работи за релевантен и репутабилен бизнис и ја подобрувате авторитативноста. Доколку градите линкови, погрижете се да бидете видени и од вашата целна публика, за уште повеќе да ги убедите дека треба да ве изберат вас, наспроти кој било друг.
Мониторирање и подобрување – Ова е причината зошто SEO не е проект за еднаш. Напротив, трендовите и алгоритмите се менуваат почесто отколку што можеме да замислиме, па важно е да бидеме во чекор со тоа. Доколку не ја подобруваме SEO стратегијата, сајтот лесно може да падне во онлајн заборав.
Сите овие активности носат таргетирани посети. Секако, тоа не значи дека треба да целите кон стотици илјади посети месечно. Напротив, дури и да имате само 100 посети во тек на еден месец, поважно е да имате конверзии и продажби, наместо илјадници кликови кои воопшто не ви донеле никаков бенефит.
4. Техничка подготвеност на сајтот за зголемена видливост
Погоре, во делот за техничко SEO спомнавме дека се работи за активност која ја преземаат „backend“ девелопери. Но, пред да се направи каква и да е техничка измена, мора да се спроведе техничка анализа или „audit“ со кој ќе се детектираат и слабите и силните страни на вашиот сајт.
Многу девелопери првично не посветуваат внимание на техничките детали кои се важни за Google и останатите пребарувачи. Затоа, за да постигнете повисока позиција на Google мора да ги решите сите технички проблеми. Ако не го направите тоа, не можете да го извлечете максимумот преку останатите SEO и маркетинг активности.
Корисниците сакаат брзи сајтови и немаат време да чекаат долго за да се отвори страницата која сакаат да ја погледнат. Имајте го ова секогаш на ум, бидејќи дури и совршена on-page оптимизација губи вредност ако сајтот не е технички подготвен за зголемена видливост и поголем волумен на посети.
5. Содржини наменети за целната публика (content marketing)
Ова е многу важен дел од вашиот сајт. Content marketing е стратешки пристап во креирање пишани содржини, со крајна цел да се мотивира читателот да ја преземе саканата акција. Како што веќе претходно спомнавме, секоја текстуална содржина мора да нуди вредност, но и да ја гради доверливоста помеѓу брендот и потенцијалниот купувач.

Но, пишувањето блогови и детални описи не е доволно за да се постигне таа цел. Напротив, треба да се фокусирате и на други форми на содржина, како што се видеа, инфографици, поткасти, студии на случај – но сè со цел да ги погодите интересите и болните точки на целната публика.
Секако, треба овие содржини и да ги дистрибуирате до оние кои треба да ги прочитаат, слушнат или видат. Тоа можете да го направите преку промовирање на вашиот блог или сервис, оптимизирање за пребарувачи, email маркетинг, социјални мрежи и во крајна линија платено рекламирање.
Но, што се случува во пракса? Многу сајтови не содржат доволно содржина, односно она што го има е за посетители во многу рана фаза на свесност. Ако останете само на генерални информативни содржини, тие многу веројатно ќе бараат конкретни информации на други места.
Но, зошто да ги пропуштите, кога се што треба е вашата содржина:
- Да резонира со фазата на свесност на посетителот
- Да биде инспиративна и од помош
- Да биде забавна но и едукативна
- Да гради доверливост помеѓу вас и клиентот
Тоа можете да го постигнете со споредби помеѓу вашиот производ и нешто што веќе постои на пазарот, со нагласување на бенефити, осврти на корисни алатки и функционалности и така натаму – односно се што му треба на еден потенцијален клиент да остане заинтересиран за вас.
Секогаш можете да додавате квизови, анкети или други интеркативни елементи, за да може посетителите на сајтот и да учат и да се забавуваат во исто време.
6. Стекнете ја довербата на купувачот со помош на „social proof“
Купувачите мора да ви веруваат, а довербата треба да се придобие, гради и одржува. Ова се само неколку крајни детали кои често ненамерно се игнорираат.
Па така, ако сакате да градите трајна доверба меѓу вас и потрошувачите, додајте ги транспарентно условите за плаќање и начинот на кој нивните податоци се заштитени – од банкарски картички па се до адреса на достава. Направете го процесот за купување лесен и разбирлив.

Притоа, важно е да дозволите прикажување на коментари, рејтинзи, како и сведоштва. Задоволен корисник е вашата надобра реклама. За негативните искуства одговарајте прецизно и понудете решение – така се гради кредибилитет.
Што можеме да заклучиме?
Како што можете да видите, веб сајтот сам по себе не е доволен за да се искористи неговиот максимален потенцијал. Напротив, наместо да го гледате како ваш билборд, искористете го за интеракции со клиенти и купувачи, едукација, информирање, продажба и негување трајни врски помеѓу вас и задоволните клиенти.
А кога ќе обрнете внимание и на содржините, оптимизацијата и целокупното корисничко искуство, веќе успевате да ја користите моќта на вебстраницата за да го скалирате бизнисот и да се позиционирате повисоко на пазарот.
Ова е гостински текст на Милан Савов.
Милан Савов е сопственик на Веб и SEO агенцијата Смартклик, со 12 годишно искуство во индустријата и им помага на бизнисите да креираат веб страници кои ќе бидат основа за повеќето маркетинг канали и поддршка во идно скалирање на бизнисот. Секое слободно време го користи да патува, а ужива во скиење и пливање.







