2 коментари 1 мин. читање

Најдете ги најевтините летови со Skyscanner.net

Планирате да одите во некоја земја, но не сте сигурни колку чини билетот?

На веб дестинација skyscanner.net можете точно да дознаете кога има лет, како и колку чини најевтиниот билет. Откако ќе го посетите сајтот, одбирате појдовна и конечна дестинација, со датуми на заминување и пристигнување, како и класата со која сакате да патувате и кликнувате на копчето Search flights.

На наредната страна добивате податоци за најевтината цена по која моментно може да се купи билет, а доколку кликнете на цената, ќе добиете податоци како: најдобар, најевтин и најбрз лет, преку кој лет се испуштаат помалку CO₂ емисии, колку трае летот, дали е директен летот, и слично.

Во случај да не можете да си ја дозволите ни најниската цена, можете да оставите ваш имејл и доколку цената на билетот се постави на вредноста која сте ја внеле, инстантно ќе добиете известување.

Skyscanner ќе ви излезе во пресрет и доколку барате хотели, односно автомобили за изнајмување. На вас се остава само да се конечно решите да патувате!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top