0 коментари 1 мин. читање 28 септември, 2022

Едноставно и автоматизирано инсталирање на бројни апликации со Ninite

Доколку се решите да купите нов компјутер или пак да го реинсталирате оперативниот систем на стариот, тогаш знаете колку е мачно барање, преземање и инсталирање на најчесто користените апликации.

Ninite е веб сајт кој ви ги сервира сите најчесто користени апликации, ви дозволува да ги одбележите оние апликации кои ги сакате и потоа ги преземате сите како еден инсталационен фајл. Со покренување на фајлот, сите претходно обележани апликации се инсталираат на компјутерот.

По посетување на сајтот, бројните апликации се уредно подредени во категории како прелистувачи, документи, слики, безбедност и слично. По селектирањето на апликациите и кликнување на копчето Get your Ninite започнува автоматско инсталирање.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top