Вештачката интелигенција и влијанието од истата стана особено популарна тема за дискусија по лансирањето ChatGPT чет-ботот на OpenAI. Но, вештачката интелигенција како наука на 21-виот век е многу повеќе од ChatGPT.
Со способноста да анализира огромни количини на податоци, да препознава сложени шеми, а притоа да донесува одлуки со извонредна брзина вештачката интелигенција наоѓа широка примена. Од оптимизирање на индустриските процеси и подобрување на медицинската дијагностика до револуционерна комуникација и возење автономни возила, AI влијанието е сѐ подлабоко и во сѐ повеќе сектори.
Вештачката интелигенција веќе почна, а со текот на времето и те како ќе го преобликува светот и начинот на кој што размислуваме, работиме и учиме. Во оваа насока. една таква новина е ,,prompt engineering”, во продолжение за што поточно се работи…

Што е prompt?
Во генеративната вештачка интелигенција, промптот е писмена инструкција што го иницира AI моделот да изврши одредена задача, како што е пишување текст или код, генерирање на слика или видео, одговарање на одредено прашање и слично.
Овие модели на вештачката интелигенција (LLM), кои што користат методи на машинското учење се справуваат со задачи како сумирање, одговарање прашања и превод. Покрај големите можности, корисниците можат да внесат и само еден збор, а AI моделот да генерира детален одговор.

Што е prompt engineering?
Prompt engineering претставува дизајнирање на влезните текстуални инструкции кон одреден AI GPT-модел сѐ со цел произведување на конкретни резултати на излез, кои што би биле релевантни.
Квалитетот на излезот најмногу зависи од квалитетот на влезот, па така оваа практика вклучува експериментирање со различни фрази, структури и стилови на влезни инструкции, за да се разбере како моделот толкува и реагира на различни влезови.
ChatGPT е главниот виновник за појавувањето и потребата на prompt engineering, а од друга страна, платформите наменети за учење на далечина веќе нудат курсеви за ова ново инженерство, кое што во иднина можеби и ќе биде инженерството на 21-виот век.


Примената на prompt engineering во различни случаи:
Prompt engineering се користи во GPT моделите, а целта е да се подобрат корисничките искуства, во продолжение примери:
Експертиза:
Во случај каде што е потребна експертиза, корисникот бара од вештачката интелигенција да обезбеди точни одговори. На пример, во медицината, лекарот може да користи модел на prompt engineering за да генерира потенцијални дијагнози врз основа на симптоми и детали за пациентот.
Критичко размислување:
Во случај каде што е потребно критичко размислување, prompt engineering се користи за да ги анализира информациите од различни агли, да го процени кредибилитетот и да донесува аргументирани одлуки. Може да биде побарано да наведе опции, да ја оцени секоја од нив и да препорача потенцијлано оптимално решение.
Креативност:
Овој тип на инженерство наоѓа примена и при кретивна работа. Во писмена форма, авторот може да користи prompt engineering за да генерира идеи за приказни, а од друга страна пак графичкиот дизајнер може да го искористи GPT моделот да создаде палети на бои и повеќе дизајни врз основа на внесените влезни инструкции.
Техники на prompt engineering:
Бидете јасни со барањата:
Јасно спефицирајте го саканиот одговор во вашето влезно барање за да спречите погрешно толкување на вештачката интелигенција. Практичен пример: Доколку сакате одговор во форма на текст од неколку зборови(пример 300 зборови), AI моделот ќе ви даде одговор од исто толку зборови, но многу често се повторува една или неколку реченици, практично кажано се врти во круг.
Вклучете соодветен контекст:
Вметнете доволен контекст во вашите барања и наведете ги излезните барања, ограничувајќи го одговорот на дефиниран формат. Ако, на пример, барате табела со најпопуларните рок хитови од 90-тите, експлицитно наведете го бројот на песни што треба да се наведат и побарајте форматирање на табелата за прецизни резултати.


Одржувајте рамнотежа:
Поставете рамнотежа помеѓу целните информации и посакуваниот излез со избегнување на премногу едноставни или сложени инструкции. Премногу едноставните влезови може да немаат контекст, додека премногу сложените може да ја збунат вештачката интелигенција, особено во сложени теми или јазик специфичен за домен.
Експериментирајте:
Prompt engineering претставува еден вид итеративен процес. Можеби ќе бидат потребни повеќе обиди на влез за да се оптимизира за точноста и релевантноста на излез. Континуираното тестирање и повторување придонесува за подобрување на излезот. Со оглед на отсуството на фиксни правила во излезот со вештачка интелигенција, флексибилноста и приспособливоста остануваат клучни.
Неколку бесплатни курсеви за „prompt“-инженерствo
Иако најдобриот начин да откриете кој промпт најдобро функционира за вас е постојано да експериментирате и да тестирате, тоа не значи дека мора да почнете од нула. Еве неколку супер корисни, кратки, но и информативни курсеви. Содржината е и повеќе од доволна да се запознаете со основите и да имате некоја подобра база за сопствени експерименти и тестирања.
ChatGPT Prompt Engineering Course на H-EDUCATE
Сумарното видео за „prompt“-инженерство на H-EDUCATE трае половина час и е одличен вовед за некои основи познавања и техники кои ќе може да ги употребувате. Половина час изгледа на недоволно време, но Хасан одлично објаснува, па по ова ќе имате доволно познавање.
Introduction to Prompt Engineering: How to Effectively Use ChatGPT & Other AI Language Models од Александар Поповиќ
Ова е уште еден краток воведн курс кој може да го пронајдете на YouTube. Трае околу еден час, и темите се поделени во одделни видеа.
Prompt Engineering for ChatGPT од Vanderbilt University
Ова е е подолг курс за „prompt“-инженерство од Универзитетот Вандербилт достапен на Coursera. Др. Џулс Вајт одлично објаснува различни техники, и ограничувања, за крeирање на најдобри „барања“ од вештачката интелигенција. Квалитетот на курсот е одличен, а покрај бесплатното следење има и верзија која се плаќа. За целосно следење на содржините не е потребно да платите. Плаќањето е единствено за сертификација и за вежбите. За завршување на курсот се потребни околу 40 часа.
