Надополнето: По 13 години ФИНКИ и натаму без решение за просторниот проблем

Деканската управа на Факултетот за информатички науки и компјутерски инженерство донесе одлука за организирање на мирен протест. Протестот ќе биде организиран на 21 март со почеток од 12 часот пред зградата на Владата. Во рамки на протестот ќе се одржи и 25-тата редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот.

ФИНКИ ги повика сите лица кои сакаат да ги поддржат да се приклучат на протестот.


Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) побара од Владата да го реши проблемот со простории кој го имаат повеќе од една деценија.

Од ФИНКИ сметаат дека нерешавање на проблемот со простории негативно влијае на развојот на факултетот, како и на квалитетот на наставата. Во октомври 2023, Владата вети дека ќе има средства во буџетот за доградба на постојаниот објект, но ова не е остварено, па управата на факултетот бара привремено решение на проблемот. Наставата би требало да се одвива во Техничко-технолошкиот кампус на Универзитетот, но и ова не е без предизвици.

Лабораторија за напредни веб технологии на ФИНКИ / ФИНКИ

Проблем е што во три објекти, од кои два се во сопственост на факултетот, е сместено Бирото за развој на образованието. Поради ова, евентуалното одржување на наставата во овие објекти е проблем. Факултетот побара дислоцирање на Бирото за развој на образованието, а дополнително, од ФЕИТ побараа и третиот објект, кој сега е во сопственост на државата да му биде даден на времено или трајно користење без надоместок.

ФИНКИ е еден од најпопуларните факултети во Македонија, кој во моментов на факултетот има 5000 активни студенти.

ФИНКИ без објект повеќе од 10 години

Проблемот со простор на ФИНКИ не е нов, и започна со основањето на факултетот. ФИНКИ е креиран во 2011 година, со одделување на дел од ФЕИТ. Во овој период наставата на ФИНКИ се одржуваше во просториите на Факултетот за информациски технологии, и во просториите на Технолошко-металуршки факултет во Скопје.

Изградбата на постојаниот објект во кој ќе се одржува или барем требаше да се одржува наставата е во прекин веќе 5 години. Објектот заедно со зградата на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) започнаа со изградба во 2015 година како дел од проектот „Скопје 2014“.

Планот беше двете згради да бидат во барокен стил, но во 2019 година изведувачот „Бетон-Штип“ отиде во стечај и изградбата запре. Во 2022 година зградите ја дочекаа третата најава за довршување, но во последните 5 години работите не се поместени. Причината за ова според Министерството за образование, е потребата од анализа која треба да покаже што е изградено и што треба да се доизгради. По ова ќе биде распишан тендер. Министерството за образование во 2022 извести дека доградбите нема да бидат во барок, бидејќи е премногу скапо. Нема информации што се случува со градбата, но едно е сигурно, објектите не се градат, а факултетите немаат простор.

Соопштението кое до Министерството за образование и наука и до Владата го испрати ФИНКИ

Во целост го објавуваме соопштението кое го сподели ФИНКИ. Соопштението е испратено до Министерството за образование и култура, Генералниот секретар на Владата на РСМ и до Владата на Република Северна Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments