Повторно имаме шанса да видиме што се крие зад маската и екранот на еден од најиновативните и најновите мобилни уреди на пазарот, благодарение на iFixit и нивните одлични расклопувања со детални анализи на хардверските компоненти. Според блогот, седум инчниот Kindle Fire HDX не е баш најдобриот уред за расклопување бидејќи Amazon ја залепил со лепак дури и пластиката. Поради комплексноста на уредот, iFixit му даде на Kindle Fire HDX оценка 3 од 10, каде 10 е најлесно за поправка и замена на компонентите.
[youtube]Kdh6rnqIAy0[/youtube]