Според нови гласини за паметen телефон од Amazon, уредот ќе биде произведен од тајванскиот HTC. Financial Times вели дека телефонот е скоро готов, но времето на објавување е повторно поместено од страна на Amazon до 2014-та година. Еден извор вели дека ќе има два модели, од кои еден ќе користи 3Д интефејс.
Очекувањата се телефоните на Amazon да бидат понудени за евтина цена, според некои гласини дури и бесплатно, како што се продаваат Kindle таблет компјутерите. За Amazon не е приоритет да заработува од хардверот, туку да им понуди на корисниците брз пристап до услугите и продавниците, односно да прави пари од продавање на апликации, видеа, книги, музика и од реклами. Можно е телефонот да биде понуден бесплатно со претплата на сервиси на Amazon.
Amazon одби да одговорат на прашањата за телеофнто на Financial Times, но од HTC изјавија дека „секогаш разгледуваат нови можности“.







