Што по пандемијата: Singular

На почетокот на пандемијата контактиравме повеќе македонски компании и компании кои имаат канцеларии во Македонија да ни раскажат како пандемијата влијае на нивната работа. Сега, нешто повеќе од една година подоцна ги контактираме за да ни одговорат како се трансформираат по Ковид-19.

За искуството на Singular, разговаравме со Елена Михајлоска, маркетинг директор во компанијата.


Во поглед на работата од дома, што се случи последнава година, има ли некои промени?

Пренесувањето на сите работни активности од канцеларија во домашни услови се одвиваше навистина брзо. Можноста за работа од дома ја разгледавме уште пред да стане задолжително, па така бевме навремено подготвени да го совладаме овој предизвик. Една година подоцна, имаме 60+ нови луѓе низ сите три канцеларии на Singular во Скопје, Тбилиси и Слиема, од кои 20+ членови се лоцирани во нашата канцеларија. Така што, навистина ни е мило што нашиот тим значително се зголеми, а очекуваме да ни се придружат и нови колеги во следните месеци.

Благодарни сме им на нашите вработени коишто продолжија посветено и вредно да работат и покрај сите предизвици што „новото нормално“ ги донесе со себе. Нивниот труд континуирано носи резултати за компанијата и продуктите, а тоа го гледаме преку разни признанија од интернационални организации и здруженија од индустријата. Минатата година Singular освои две престижни награди – Sports Betting Supplier of the Year (Starlet Awards) и Rising Star in Baltic Sports Betting Technology (BSG Awards). Ова е голем показател за нашиот придонес во igaming заедницата и огромна мотивација да продолжиме да инвестираме во tech иновација и врвни продукти.

Какво е вашето искуство од работа дома последнава година?

Работата во Singular отсекогаш се базирала на работа со онлајн алатки, коишто ни овозможуваат ефикасна организација и непречена комуникација меѓу тимовите лоцирани низ сите канцеларии. Дел од алатките што ги користиме веќе со години наназад се Slack, Jira, Confluence, Skype и Zoom. Откако започна пандемијата, акцентот секако падна на алатките за комуникација коишто ни помогнаа да продолжиме да ги негуваме вредностите на Singular, како транспарентна комуникација, размена на искуства и идеи, и грижа кон нашите колеги. Нѐ радува што употребата на овие алатки придонесе и да се зајакне блискоста меѓу тимовите. Што се однесува до други алатки, секој тим користи дополнителен сет во зависност од работата на самиот тим, но овие неколку што ги наброивме горе се општоприфатени на ниво на цела компанија.

Планирате ли наскоро да се вратите на стариот начин на работа?

Навистина сме нестрпливи да се вратиме во канцеларија, особено затоа што за време на пандемијата се преселивме во нови простории што во периодов се во завршна фаза на подготовки. Доколку ситуацијата со Ковид-19 продолжи да се подобрува, ќе можеме наскоро да размислуваме за дата, но за сега сѐ уште е рано да се каже кога точно ќе се вратиме во канцеларија. Навистина ќе ни претставува големо задоволство да се видиме со колегите и да го прославиме враќањето во канцеларија, воедно и свеченото отворање на новите простории. Вие сте во суштина и првите кои дознаваат за овој новитет, но не би споделувале повеќе детали во овој момент. Грижата и добросостојбата на колегите е нашиот главен приоритет. Сѐ додека не е 100% безбедно за сите, ќе продолжиме со работа од дома.

Кои се најголемите предизвици или што најмногу ви недостасува од работата во канцеларија?

Дефинитивно тоа што најмногу ни недостасува се дружбите во живо. Во Singular отсекогаш ни беше приоритет зближувањето на тимовите преку разни активности, коишто би им помогнале исто така и на новите вработени подобро да се запознаат со нашата компаниска култура. Имавме многу интересни тематски дружби во канцеларија пред пандемијата, како на пример летниот Smoothie Challenge, ајвар тестинг, дегустација на вино и сирење, играње board игри – да наброиме само неколку примери. Откако започнавме со работа од дома, овие активности повеќе не беа опција. Но, за нас ова беше повеќе од предизвик. „Новото нормално“ го видовме како одлична прилика да ги префрлиме друштвените активности онлајн и да ги истражиме новите можности пред нас, што се покажа како супер алтернатива.

На страна интерните дружби, друго нешто што навистина ни недостасува се настаните во живо. Singular секоја година присуствува на разни настани организирани од igaming заедницата, каде што наши колеги учествуваат во панел дискусии, но и остваруваме нови пријателства и се среќаваме со стари пријатели од истата индустрија. Поради пандемијата, овие случувања се организираат сега онлајн, но сепак би сакале што поскоро да го видиме и овој дел од нашата работа како што некогаш беше.

Некои компании најавија промени во работата (овозможување на работа од дома и по пандемијата)? Што за вас е новото нормално, ќе го промените ли начинот на работа?

Во Singular секогаш сме се труделе да бидеме флексибилни и да им излеземе во пресрет на нашите вработени согласно нивните потреби и динамика. Пандемијата потврди дека независно од локацијата, нашиот тим функционира без проблеми и одржува континуиран работен тек. Сепак на сите помалку или повеќе ни недостига комуникацијата во живо и дружбата во канцеларија. Работа од дома ќе постои како опција и по завршувањето на пандемијата, но сепак нема комплетно да ги исклучиме средбите, состаноците и тимскиот “brainstorming” во живо.

Вистинскиот предизвик нема да биде пронаоѓање на балансот помеѓу работењето од дома и физичкото присуство во канцеларија. На посуштинско ниво, предизвикот е да се пронајде баланс помеѓу рутината, структурата и социјалниот аспект на работата, кој знае да биде од голема важност за успехот на секој тим. Веруваме дека начинот на работа ќе претрпи промени, но планираме тие да ги внесеме постепено во нашата динамика, зависно од потребите и можностите.

Нешто што сакате да додадете

Иако физичката дистанца е поприсутна од кога било, грижата кон нашите колеги никогаш не престана. Напротив, нашиот HR тим презеде доста активности за зближување на колегите и дополнително зајакнување на компаниските вредности. Овозможувањето на позитивна работна средина во која вработените се среќни и исполнети отсекогаш било наш приоритет и тоа особено дојде до израз изминатава година.

Благодарни сме им на нашите колеги бидејќи токму нивната посветеност и придонес ги прави Singular продуктите тоа што се денес – наградувани софтвери коишто се високопризнаени во igaming заедницата и користени од светски познати оператори. Независно дали работиме од канцеларија или од дома, Singular продолжува со својата посветеност кон иновацијата и технологијата и среќни сме што ги имаме правите луѓе до нас, со истата страст кон нашите продукти и ги претставуваат оние вредности за коишто компанијата силно се залага.


Разговорот со Singular од почетоците на пандемијата може да го прочитате тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Перо
Перо
3 years ago

Bullshiting на нивоу, се испофалија дека работеле супер од дома скоро две години и на крај пак ќе се враќаат во канцеларии.

види ги сите огласи на kariera.it.mk