Влегувањето во нова работна средина може да биде стресно, но понекогаш стануваш дел од тим кој ти ја дава соодветната поддршка и те поттикнува да ги достигнеш своите потенцијали како што е во софтверската компанија Singular. Зборувајќи со членовите на front-end тимот воочлива е синергијата која се рефлектира на нивниот професионален, но и приватен живот. Колаборацијата помеѓу вработените е императив во компаниската култура на Singular што се одразува и во актуелната кампања WeBenefit чиј фокус е да се креира платформа преку која ќе се раскажуваат уникатни приказни низ призмата на вработените.
Мартин Трајковски е Product Manager и вели дека таа позиција е одлична можност да ги примени социјалните вештини во градење на успешен тим.
– Динамиката на развој и комплексноста на софтверот на кој работиме нуди огромни предизвици и можности, не само за софтверските инженери туку и за луѓето со менаџерски вештини. Успешната приказна трае веќе седум години. Балансот помеѓу секојдневните обврски, пристапот кон работата и взаемното разбирање се битен фактор во градењето стабилен, респектабилен и успешен тим. Можноста секој да биде слушнат и да слушне искрено мислeње и критика е неопходна во продлабочување на довербата и чувството на припадност. Се додека се негуваат споменативе процеси, ќе постои соработка и ќе се развијат здрави пријателства – вели Мартин.
Јован Стефановски кој е Intermediate Front-End Developer го имал првиот контакт со Singular преку регрутерите од Грузија, а потоа и со неговиот сегашен колега Мартин Трајковски за кој вели дека имал најголем удел во неговиот влез во компанијата.
– Работната околина во Singular е исклучително пријатна почнувајќи од современите канцеларии до одличните колеги во тимот и надвор од него кои се подготвени во секое време да излезат во пресрет и да помогнат. Onboarding делот беше малку долг, но земајќи во предвид дека целата компанија мигрираше кон Flutter технологии истото беше и очекувано. Сепак со поддршка од колегите истиот помина во најдобар ред – истакнува Јован.
Мирјана Тошева е Senior Front-end Developer и е на позицијата веќе една година. Вели дека главната причина поради која станала дел од оваа компанија е работната култура и соработката помеѓу вработените за кои слушнала многу пофални зборови од пријателите и на социјалните медиуми.
– Имаме одлична и опуштена работна атмосфера со која секогаш се стремиме кон иновативни и креативни решенија. Бидејќи проектот на кој работиме е комплексен, onboarding процесот беше во неколку фази и вклучуваше презентации од страна на членовите од тимот. Можам да кажам дека сите колеги се секогаш расположени за соработка и помош доколку на некој му е потребна – објаснува Мирјана.
Игор Николов e Tech Lead и во компанијата е веќе пет години, а има голем број причини зошто е дел од оваа приказна.
– За време на процесот на интервју, бев импресиониран од културата на соработка во рамки на компанијата. Очигледно беше дека придонесите на вработените се ценат и имаше силно чувство за тимска работа. Singular има репутација дека е во првите редови на технологијата и иновациите во гејминг индустријата. Како технолошки ентузијаст и некој страстен за работа на најсовремени решенија, посветеноста на Singular да ги помести границите на она што е можно во индустријата беше многу привлечно за мене. Singular во тоа време доживуваше брз раст, што претставуваше и возбудливи можности за напредок во кариерата. Експанзијата на компанијата на нови пазари и диверзификацијата на нејзините производи беа особено привлечни – појаснува Игор.
Ангел Филов, исто така Tech Lead, во 2018 година се приклучил на новоформираниот front-end тим, а сега се осум колеги со различно ниво на искуство.
– Кога ќе погледнам во ретроспектива и кога ќе ги сумирам сите наши успеси си потврдувам дека одлуката да се вложам максимално во Singular и во нашиот тим беше вистинската одлука. Секогаш ме инспирирала динамична работна средина каде што ќе можам да работам на подобрување на своите вештини, и тоа го најдов тука. Уште од самиот почеток кога започнав како senior front-end developer мојот труд и залагање беа препознаени и за кратко време бев промовиран на позиција Tech Lead. Ова значеше личен напредок затоа што освен што работев на подобрување на технички вештини почнав да работам и на моите комуникациски и организациски вештини. Сето стекнато знаење низ годините се трудам да го пренесам на мојот тим, носејќи одлуки кои ќе бидат во склад со компаниските цели – посочува Ангел.
Петар Велески, Senior Front-End Developer, во тимот е речиси шест години, а неговото мислење за компанијата се нема сменето од првиот ден.
– Оваа компанија е место во кое што индивидуалниот напредок, колективната еволуција и целокупниот прогрес е императив кон кој сите свесно целиме поминувајќи ги деновите во динамична атмосфера во која секој има право да го сподели своето мислење. По сите поминати премрежја во кои што се калевме и како експерти и како индивидуи, тоа што сме денес е рефлексија на културата која ја негува компанијата и од оваа дистанца сметам дека моето приклучување во Singular беше вистински избор. Соработката е еден од столбовите на оваа компанија и таа е круцијален дел од секој наш успех. Тимот во кој што работам уште од неговото создавање во 2017 година, ненамерно ја наметна тесната колаборација како неизоставен дел од секојдневието. Секој член на тимот, без разлика на нивото на искуство или бројот на години како член, може да го сподели ставот или експертизата на било која тема. Во IT светот, честото синхронизирање помеѓу колегите е од витално значење и е нешто коешто во тимот го аплицираме секојдневно без исклучоци – додава Петар.
Славчо Митевски кој е Senior Front-End Developer се присетува на денот во јули 2016 година кога го добил повикот за отворена позиција во Singular.
– Чувството за прифатеност од самиот почеток ти дава простор за слобода, енергија за работа и позитивно расположение. Дружбата почна уште во процесот на вработување, а еве продолжува и до ден денес. Несебичното споделувањето на знаење, идеи, позитивна енергија е тајната за неизбежен успех во тимот. Со многу од колегите дружбата продолжува и надвор од работното време без разлика дали професионално или приватно. Посетивме многу места низ нашата убава земја и надвор од неа како: Грузија, Грција, Кипар, Бугарија, Унгарија, Црна Гора и Хрватска, каде што имаме незаборавни искуства – вели Славчо.
Мартин Наумоски, Intermediate Front-End Developer, почнал да работи во Singular пред повеќе од една година и смета дека најголемата причина зошто станал дел од тимот е високото ниво на организација и јасен кариерен напредок.
– Благодарејќи на колективниот дух кој го негува Singular, работниот ден секогаш поминува одлично. Нешто што би можел да издвојам е секако структурата и стандардизацијата која е поставена во нашиот тим. Како последица на тоа еден од омилените моменти ми е тоа што точно знам што треба да правам и чувствувам константен напредок во својата работа – посочува Мартин.
Singular функционира веќе 14 години, а во 2021 стана дел од Flutter Entertainment Plc., водечката светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, Betfair, Sisal, Blip и Sportsbet. Со поддршка од Flutter, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет на секој вработен.