Ова е гостински текст на Милан Савов, директор и основач на Web и SEO агенцијата SmartClick.
Денес, ако не си присутен онлајн, практично и не постоиш. Звучи сурово, но тоа е вистината која живееме во 2021. По речиси две години пандемија, светот научи да функционира онлајн, од секојдневни навики и социјални дружења до водење на успешни бизниси со зголемување на приходите. Особено значаен беше последниот период на револуционерната технологија која отвори нови хоризонти за бизнисите од секаков калибар да се пробијат и успеат на пазарот.
Но, каде се тука македонските бизниси? За жал, македонската онлајн бизнис сцена се чини како стои во место. Македонските претприемачи и бизнисмени не само што не вложуваат доволно во својата веб страна и онлајн присуство, туку и ја бараат поевтината опција дури и на сметка на нејзината функционалност, која подоцна ќе се покаже дека е витална за онлајн успехот на бизнисот.
Ако ги погледнеме работите од малку поинаков агол и ги разбереме сите придобивки од една бизнис веб страна; свесноста за нужноста од квалитет, брзина и оптимизираност ќе биде значително подигната.
Придобивки од бизнис веб страна
1. 24 часовна реклама
Без разлика дали веб страната ти служи само за претставување на производите и услугите или извршуваш продажна дејност преку неа, таа е твоја 24 часовна реклама. Наместо вложување во билборди, ТВ реклами и други пречатени материјали, веб страната претставува најдобар приказ на твојот бренд и услуги на огромна маса луѓе.
2. Професионалност
Со своја бизнис веб страна веднаш оставаш впечаток на професионален бренд кој го гради и внимава на својот имиџ. При посета на интернационални семинари и конференции, ќе бидеш горд на својот бизнис претставен во најдобро светло.
3. Директен контакт со купувачи
Веб страната им овозможува на заинтересираните купувачи да стапат во директен контакт со твојот тим и да бидат директно услужени.
4. Силен бренд на друштвените медиуми
Секако дека бизнис профилите на друштвените мрежи се од голема важност за промоција на еден бренд. Но, самото тоа што на тој бизнис профил имаш линк до веб страна на компанијата, веднаш оставаш поголем впечаток на професионалност, експертиза и сериозност – особено ако веб страната е одлично изработена.
5. Истакнување над конкурентите
Нормално, стремеж на секој бизнис е да биде чекор пред своите конкуренти. Со одржување на одлична веб страна која постојано ќе привлекува стари и нови посетители и клиенти, лесно ќе биде да се издигнеш над твојата конкуренција.
Македонските бизнисмени ретко обрнуваат внимание на овие придобивки. Ако веќе се решат за веб страна, често се одлучуваат за готови темплејти кои не се воопшто уникатни ниту оригинални и сето тоа за да заштедат на финансии. Но, на крај сфаќаат дека неинвентивноста ќе ги чини дури и поскапо на крај, па дури и ќе губат посетители. Зошто е тоа така? Еве, да направиме споредба помеѓу готови темплејти и custom made (направени по нарачка) веб страни.
Templates VS. Custom Made Веб Страни
Темплејт веб страни
Тоа се веб страни кои користат обрасци и теми што веќе постојат и се направени за широка употреба, но може да се персонализираат. Можеш да едитираш во рамките на веб страната многу брзо и да ја поставиш и лансираш прилично за кратко време. Но, постојат многу ограничувања кога станува збор за овие темплејти:
- Голем дел од нив не се приспособени да работат на различни уреди (таблети/мобилни телефони)
- Персонализирањето на темплејтот е ограничено – не може да се приспособи до детали да одговара на брендот
- Не се оптимизирани за интернет пребарувачите
- Дополнителни технички решенија не можат да се инсталираат на темплејтите бидејќи тие работат врз основа на структуриран систем
- Немаат добар систем за поддршка
Веб-страници направени по нарачка
Тоа се веб-страници кои се изработени според потребите на претприемачите / бизнисмените и совршено одговараат на сите барања на целните купувачи. За да се изработи ваква страна, обично се почнува од нула и се подготвува во целост правејќи ја уникатна и оригинална. Предностите се многубројни:
- Ќе има уникатен дизајн кој ќе биде дел од брендот на компанијата
- Ќе може да се адаптира според потребите на компанијата
- Ќе работи на сите уреди
- Ќе му помогне на бизнисот да расте
- Ќе има техничка поддршка од професионалниот тим што ја изработил страната
- Ќе биде оптимизирана за интернет пребарувачите
Овој тип на веб страни се доста поскапа варијанта од темплејтите и треба повеќе време за да се направат, но привлекуваат далеку поголемо внимание со својата уникатност и функционалност.
Да сумираме
Она што сопствениците на македонските бизнис компании треба да го знаат е дека иднината е во интернет успехот – колку сте поголеми и поуспешни како онлајн бизнис приказна, толку повеќе нови купувачи ќе привлечете. А, тоа нема да успеете да го направите ако ваш адут не е силна, брза и оптимизирана веб страна, каква што нема никој друг од вашите конкуренти.