Што ќе се случи ако ChatGPT 4 има пристап до твоето е-банкарство?

Џошуа Бродер го запознавме како креатор на DoNotPay, автомат-адвокат кој им помагаше на жителите на Лондон и Њујорк кои имаа проблеми со казни за паркирање. Сервисот доби повеќе различни надградби низ годините, но никако не застанува со експанзијата… Листата за што може да се користи DoNotPay има веќе стотина примери; од пронаоѓање на изгубен багаж на аеродром, до дозвола за риболов или пристап до јавно достапни информации. Бродер оваа година планираше да додаде функционалност која ќе овозможи DoNotPay да ги претставува обвинетите пред суд. Оваа идеја барем привремено е во мирување откако доби закана за тужба, но Бродер има и други идеи за употреба на вештачката интелигенција. Во моментов не може да им одолее на можностите кои ги отовори последната надградба на вештачката интелигенција од Open AI. Податоците за првите тестови на новиот потфат на Бродер се достапни на Twitter.

Што ако и ги препуштите финансиите во целост на вештачка интелигенција

Новата функционалност на која работат во DoNotPay нема врска со правна помош. Наместо ова, платформата во иднина би можела да биде личен сметководител. Преку AutoGPT Џошуа го отвори пристапот до неговите финансии за GPT-4 моделот. Вештачката интелигенција има целосен пристап до неговата сметка во банка, финансиски извештаи, кредитниот рејтинг и електронската пошта.

Ова на DonNotPay Chat не само што му овозможува увид во финансиските активности, туку овозможува да се преземаат акции директно од апликацијата. На пример, корисникот директно од апликацијата може да прекине некоја претплата. Вештачката интелигенција ако е потребно ќе креира и електронска пошта и ќе ја испрати. Корисникот треба единствено да ја прегледа и потврди генерираната порака. DoNotPay може да пребарува по трансакциите и да пронајде дали за некоја трансакција постои основа за рефундирање. Ако постои, и ако ја пронајде, вештачката интелигенција може да поднесе барање за враќање на пари. Секако вештачката интелигенција не може самостојно со сигурност да знае дали постои основа за барањето, но ако има некаква можност, GPT-4 ќе испита.

Во примерот, вештачката интелигенција забележила дека постои можност за враќање на пари ако патникот за време на летот од Лондон до Њујорк немал добар пристап до Wi-Fi мрежата. Откако Џошуа потврдил дека не може да се конектира, GPT-4 подготви и испрати барање за враќање на пари до авиопревозникот United. Два дена подоцна United му вратил на Бродер 37 долари (36.99).

Апликацијата преку Array API има пристап до сите релевантни податоци потребни за да го пресмета кредитниот рејтинг (credit score) на корисникот. Веројатно она што е најимпресивно во првата презентација е можноста на GPT-4 да „преговара“. За разлика од GPT-3.5, новата надградба на вештачката интелигенција е значително подобра во преговорите со компаниите. Вештачката интелигенција успеа да ја намали Comcast сметката на еден од инженерите во DoNotPay за 120 долари за една година. За разлика од претходната верзија на GPT, новата верзија е многу подобра во преговорите. Со новиот модел вештачката интелигенција не ја прифатила првата понуда на Comcast. Наместо ова, продолжила да преговара се додека на стигнала до 100 долари.

Благодарение на GPT-4, DoNotPay успеа за само еден ден да заштеди или врати 217 долари. Џошуа не е задоволен само од ова. Крајната цел е GPT-4 да успее да му заштеди 10.000 долари. Конечната верзија на алатката ќе биде достапна како плагин за ChatGPT, ќе може да се користи на веб-страницата на сервисот или директно од iMessage.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments