Кратки ИТ вести на денот: Македонците трошат на е-трговија, ФЗОМ не одговара, Google воведува Blue Checkmark

Додека ги чекаме веќе три месеци одговорите од ФЗОМ на нашите прашања за како фондот се справи со нападот во февруари и што презема за случајот да не се повтори изминаа, во меѓувреме ви ги споделуваме следниве новости од ИТ индустријата:

  • Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46.31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. прочитај повеќе
  • Microsoft ги финансира и работи заедно со AMD на проширување чипови во процесори со вештачка интелигенција и работи на свој AI процесор под кодно име Athena. прочитај повеќе
  • Една од најголемите крипто берзи, Coinbase, прикажа загуба од 34 проценти во првиот квартал од оваа година споредбено со 2022. прочитај повеќе
  • Google најави дека ке прикажува сини верификациски значки во Gmail за да ја подобри имејл безбедноста. прочитај повеќе

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments