Што е ново на IT.com.mk 4.0?

во Блог

Стартувавме нов дизајн! Се надеваме дека ви се допаѓа? Да? Супер, тоа ни е најважно.

Учејќи од искуството и новите трендови се решивме да го подновиме порталот со поелегантен, помодерен и секако покул дизајн. Ги прераспоредивме старите елементи, ги отфрливме тие што не беа потребни, и додадовме нови опции. Сајтот ќе биде досредуван во текот на следниве денови, ако најдете пропусти слободно пишете ни. Еве ги промените:

  • Малку поинаков распоред – На прв поглед ќе забележите промени во распоредот на текстовите. Сега има една главна вест која „мора да ја прочиташ“. Тука ќе стојат најважните вести поврзани со локалната ИТ сцена за таа недела. Веднаш под таа вест се четири други вести кои мислиме дека вреди да се истакнат. Најновите вести сега веднаш се спуштаат надолу, за разлика од претходниот дизајн каде најновите четири вести беа поставени хоризонтално, за потоа да продолжат надолу.
  • Поедноставен дизајн – Овој нов дизајн е дефиниран со горните два тулбари: црниот со логото и категориите, Кариера и пребарувањето, овој таб ќе биде постојано присутен кога скролате надолу за полесно префрлување меѓу категории, и вториот, син таб кој ги има најпопуларните тагови, пример листање на текстови според тоа дали се за Apple, Google, Android, Microsoft… На почетокот на синиот бар ги има кул опциите за различен преглед на вестите.
  • Различни изгледи – Одберете стандарден изглед, може текстовите да бидат прикажани како блог постови со крупни слики или да ги распоредите еден врз друг написите во последните 24 часа. Тоа верувам ќе им се допадне на многуте iPаd корисници бидејќи наликува на апликацијата за таблет компјутерот.


  • Фокус на текстот – При читање на текстови ќе забележите дека насловот ги пресекува сликите кои се помали од претходниот дизајн, а друштвените копчиња се подолу и се оделени од текстот со мал син бар. Ова овозможува да се врати фокусот на текстот.
  • Запознајте го авторот – Додадовме и секција за авторот. Сакале публиката да ги запознае авторите и соработниците подобро, да ги следи на друштвените мрежи и на нивните блогови. Сакаме интеракција меѓу порталот и читателите. Пишуваме за вас и сега сакаме и да комуницираме со вас.
  • Корисни додатоци – Од десно се истите функции, го има Facebook плагинот, Twitter фидот на @It_info со кратките вести, го има Flickr, најпопуларните вести, најсподелуваните вести и простор за уште новини доколку сметаме дека ќе се потребни. Додадовме и интересен додаток во кој се складирани сите друштвени профили на IT.com.mk, е-билтен и мобилните апликации.

  • Неделниот преглед се враќа – Еднаш-омиленот преглед на неделните вести го изоставивме со претходниот дизајн, но сега најдовме простор и идеја како да го вратиме и актуелизираме повторно. Ќе стартуваме и е-билтен со вестите на денот и неделен преглед кој ќе биде доставен преку имејл. Ќе има опција за претплата на само најпопуларните вести или на огласите објавени во ИТ Кариера. Ќе има и имејл маркетинг.
  • Сменивме сервер– се надеваме дека сега ќе имаме побрз и постабилен IT.com.mk.

Погледнете ја еволуцијата на IT.com.mk од стартувањето на форумот во март 2007 година:

Првин беше само форум, стартуван во 2007-ма…


Потоа стана ентузијастички портал во март 2008 година…

… и на 1-ви април 2010 ја стартувавме третата верзија…

… приказната продолжува…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
11 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Leonardo Jovanovski
14 years ago

raboti li forumot ili ne kaj mene ne otvara ?

Ivan Vasilov
Ivan Vasilov
14 years ago

Прекрасен дизајн. Една мала замерка: Да ги замените местата на Arial и Helvetica во font-family.

Читателите кои имаат инсталирана Helvetica се алергични на Arial :) .

Јане
Јане
14 years ago

Дизајнот е одличен, само да се отстрани слоуто на навигацијата горе и да се поправи з-индексот (флешот на тмобиле е над него). Тоа е мој предлог

Boki
Boki
14 years ago

ME GUSTA

Џоле
Џоле
14 years ago

Прикажи по таг, "video-igri" е на латиница.

Секси дизајн ;-).

@deemeetar
14 years ago

Оо прекрасен дизајн. Едноставен а толку комплксен. Ми се допаѓа. Иако морам да напоменам дека it.com.mk 2.0 ми беше најдраг :D.

Бај д веј до мене е или web 3.0 = коцки и блокови и дизајн изработен од 3-4 бои?

@deemeetar
14 years ago
Reply to  @deemeetar

Морам да се надополнам. Мислам дека страничното мени со популарни натписи би изгледало вака подобро: http://i44.tinypic.com/207te05.jpg

Најчитаното има највисок z-index и се подредени како скали.

И уште едно прашање, ако не е тајна, кој се погрижи за дизајнов?

Viktor
14 years ago
Reply to  @deemeetar

Дизајнот е изработен од IWM Network, компанијата зад IT.com.mk :)

Васе
Васе
14 years ago

Имам PC со следна конфигурација: CPU Intel Core 2 Quad Q9550 2.83GHz, 4GB RAM, Графичка картичка NVIDIA GeForce 9600 GT, HD 500GB…
Имам инсталирано OS Windows 7 Ultimate 64, пребарувач: Firefox 8.0, АДСЛ инернет преку T-Home (10mbps) и Вашата страна споро се отвара. Што е работата!?

Boris Juraga
14 years ago

На почетна, секоја сторија, кренете ги копчињата (Like, tweet,… ) во ниво на „кога и кој објавил…“ , а текстот да започнува на исто ниво со десниот горен агол на сликата за статијата. Овака изгледа како сторијата да започнува со +1…

Инаку одлично освежување, чиста 10ка.

kire
kire
14 years ago

like