Ако имате 229 пријатели, од кои 22 отсто се луѓето што сте ги знаеле/те од средното училиште, 12 осто ви се фамилија, 10% ви се соработници, односно 9 отсто биле со вас на факултет, и 7 отсто се луѓе кои никогаш не сте ги запознале, тогаш, според инфографикот на JESS3, вие сте просечен Facebook корисник.
Интересно 56 отсто од корисниците објавуваат статуст еднаш неделно. Од другите активности, најголем процент од корисниците, 82%, испратиле приватна порака, а 49 отсто коментираат на фотографии барем еднаш или два пати во неделата.
Над половина, скоро 52 отсто, од корисниците имаат дневна интеракција со друштвената мрежа. За споредба, 36 отсто од твиреџиите го користат Twitter дневно.
Инфографикот прикажува дека во 2008-ма просечната возраст била 33, додека во 2010-та е 38 години. За да нема забуна, тоа не значи дека има најмногу триесет-годишни корисници на мрежата, туку дека се повеќе постари луѓе го користат Facebook за да го качат просекот.
