Counter-Strike 2 напаѓа летово! Се од претходната игра ќе биде достапно во двојката!

По скоро цел месец од задевања и подгревање најразлични шпекулации, Valve конечно се осмели да најави нова игра. Со оглед на тоа дека има две игри од Half-Life, две игри од Portal, две игри од Team Fortress и две игри од Left4Dead и со оглед на тоа дека Valve не знае да брои до 3, логички е дека најавата за нова игра ќе биде од Counter-Strike универзумот.

Counter-Strike 2 ќе се појави летово и ќе биде во целосно нов и значително подобрен свет, заедно со надградени механики и надополнети мапи. Но, верувале или не, најмногу чад се крева за, па чад! Визуелно, двојката ќе прави чудо со чад, да не ви се верува! Реалност 2.0, погледнете!

Некои од мапите во двојката се целосно одново направени, а некои се само надополнети со нови графички елементи, како подобрено осветлување.

Примарната цел на двојката е да ја целосно префрли на Source 2 енџинот. Тоа значи дека се што сте заработиле (читај: купиле) во претходната верзија ќе биде префрлено во двојката.

Во меѓувреме одреден мал број играчи можат привремено да ја тестираат двојката. Доколку мислите дека среќата е на ваша страна, очекувајте покана од Valve!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments