Се што ќе напишете во одреден документ се брои или како зборови или како карактери (букви, симболи, бројки и слично). Ова знае да биде особено корисно во ситуации кога сте ограничени во пишување и точно сакате да знаете колку зборови, односно карактери има текстот кој го пишувате.
За броење на зборовите/ карактерите имате одлична алатка во поглемиот дел канцелариски пакети. Апликацијата Word, на пример, во реално време ви прикажува колку зборови внесувате во документот; прегледот го гледате во долниот лев агол. А, ако кликнете на words ќе добиете дополнителни податоци за број на страни, карактери со и без празен простор помеѓу нив, како и број на параграфи, односно редови.
Кога некој текст пишувате во Word одлично е да ја имате оваа опција, но истата ја немата кога текстот го пишувате на веб сајт, преку прелистувач, како што ние го пишуваме овој текст сега. Во ситуации кога треба да се внимава на бројот на зборови, обично поголемиот дел од нас го копираат текстот го префрлуваат во Word па од таму го проверуваат бројот. Или, директно го пишуваат во Word па само го префрлуваат на соодветно место на сајтот.
Со Word Counter се елиминира потребата од ова. Word Counter е екстензија за прелистувачот Chrome и со само еден клик ги брои зборовите, односно карактерите кои сте ги внеле преку кој било веб сајт. Паралелно со ова, екстензијата ќе ви прикаже која е вашата просечна или најдолга должина на зборовите.
За да ја искористите предноста ва Word Counter, едноставно одбележете го саканиот текст, потоа десен клик на истиот и лев клик на Word Counter опцијата. Полесно здравје! :)