19 коментари 2 мин. читање

Шетајте низ Скопје со TraWell – водич со проширена реалност за Аndroid

Туристичкиот водич TraWell сега е достапен на Google Play за Android паметни телефони и таблет компјутери. Aпликацијата е водич низ Скопје, и е лесна е за користење со куп информации за музеите, црквите, џамиите, спомениците, рестораните, баровите и други привлечни локации, вклучувајќи ги и тие кои се во Старата Чаршија која е популарна меѓу туристите.

Стартапот CodeWall додаде во TraWell и галерии на слики, мапи и можност за оценување и коментирање на местата. Апликацијата има и e-Картички кои можат да се споделат преку друштвените мрежи или имејл. Но, иако апликациајта работи и офлајн, за слоделување на картичките ќе треба да бидете онлајн.

Постои и можност за персонализирање и организација на прошетки и тури за посетување на места, со мапи и агенда за време и датум. Сепак, најинтересното нешто во апликацијата која чини 5 долари е што користи проширена реалност која, откако ќе се вклучи камерата, прикажува информации со одалеченост и ориентација според локацијата на корисникот.

„Оваа алатка особено ќе им помогне на странските туристи во навигацијата низ нашата метропола, но и на сите граѓани на Република Македонија кои сакаат да посетат некое градско обележје или едноставно сакаат да видат каде најблиску можат да го испијат своето кафе.“, вели Мартин Анчевски, еден од основачите на CodeWell.

Наскоро се очекува и iOS верзија.

CodeWell е стартап стар една година, основан од младите Мартин Анчевски и Нино Карас и поддржан од ПСМ инкубатор, кој стана препознатлив на македонската ИТ сцена по својата Автобуско апликација, со која успеаја да привлечат спонзорство од Т-Mobile. CodeWell успеа со TraWell да собере најмногу гласови на Europe Startap Weekend Battle и да замине во Лондон каде ја презентираа апликацијата.

[youtube]nAp6wVpxdAg[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

19 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top