Google претстави нов сајт Story of Send преку кој објаснува како патува имејл пораката, пратена од вашиот компјутер која поминува низ DSL линиите, преку Gmail серверите до конечната дестинација.
Сајтот е секако реклама за Google кои ја истакнуваат својата безбедност и технологија, и тоа дека се „зелени“ и поефикасни бидејќи користат помалку енергија од другите центри благодарение на енергијата на ветрот.
Но, ако го изоставите тој дел, видеата и анимациите се доста едукативни приказни разбирливи за секој корисник кој, за жал, треба да знае англиски.
[youtube]5Be2YnlRIg8[/youtube]
Добивај известувања
Најава
0 Коментари