1 коментар 3 мин. читање 22 август, 2016

Сега може да се обложувате на еСпорт во SportLife

Најновиот билтен на обложувалницата Sport Life, доаѓа со огромно изненадување. Отсега обложувачите ќе може да ги ризикуваат своите пари и на StarCraft 2 и League of Legends.

Во gaming индустријата во светот веќе неколку години се развива e-sports како нов тип на спортски наптвревар. Односно огранизирање евенти, првенства и купови каде се натпреваруваат гејмери од целиот свет. Како и секој друг спортски настан кој се одвива во живо, така и на овие настани постојат фаворити, аутсајдери , подобри или полоши натпреварувачи и за сите нив може да се пресмета соодветна веројатност, т.е коефициенти за победа кои може да се дадат во понуда.
Идејата е: ако има во понуда за обложување на пример, спортови како: снукер, пикадо или други реални настани/натпревари, зошто не би имало во понуда и e-sports, каде е зголемен интересот во последно време.
“, велат од SportLife.

За почеток достапни се 7 натпревари, но во SportLife несомнено наскоро ќе го зголемат овој број. Заинтересираните можат да се обложуваат на: натпреварите на Globe Starcraft лигата, Korea LCK Summer, Europes LCS Summer и North America LCS Summer. Од SportLife најавуваат дека наскоро на листата ќе бидат додадени DotA и Counter Strike.

SportLife е првата обложувалница во Македонија во која играчите ќе можат да се кладат на еСпорт. Останува да видиме дали наскоро и останатите ќе го следат нивниот пример.

bet-on-esport

Во светот обложувањето на еСпорт натпревари не е новитет. За жал, заедно со можноста за брза заработка, дојдоа и проблеми. Така од поодамна веќе има казнето играчи кои намерно ги губеа натпреварите за да можат да ги земат парите од кладилниците.

Секако, обложувајте се одговорно и само за забава.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top