0 коментари 2 мин. читање 23 ноември, 2012

Windows Store надмина 20.000 апликации за Windows 8

Windows Store сега има над 20.000 апликации за Windows 8. Јубилејната 20.000 апликација е објавена во вторник, а 17.958 од сите апликации се бесплатни. Ова е совпаѓа со плановите на Microsoft кој најави брзо зголемување на апликациите до крајот на годината.

The Next Web јавува дека во последните 17 дена се излезени 7.715 апликации или во просек излегувале по 453 алликации дневно. Ако трендот продолжи лесно може да се случи Microsoft да влезе во 2013 година со речиси 40.000 апликации.

Поради поделбите по региони сите апликации не се достапни секаде. Па најголем дел од овие апликации се достапни во САД 13.000, Канада 14.000 и 11.000 во Велика Британија. Овие бројки сеуште се многу далеку и од App Store и од Google Play, но станува интересно да видиме каде ќе се наоѓа и како ќе котира Windows Store за една година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}