Сега ќе гледате „Аси“ во висока резолуција; Сител ќе емитува во HD

3 коментари 1 мин. читање

Сител телевизија објави дека ги воведува „највисоките стандарди при емитување на програмата“, односно ќе емитува во HD (High Definition). Воведувањето на високата резолуција е можно од 1 јуни кога македонските телевизии беа префрлени од аналоген во дигитален сигнал. Сител е првата телевизија која ветува целосна програма во Full HD, додека други македонски телевизии понекогаш емитуваат поквалитетна резолуција, пример Канал5 емитува фудбалски натпревари во HD. Националната МТВ е во тек на префрлување откако пред една година добија нова опрема.

„Малите екрани ќе станат поголеми.“, вели директорот на техника во Сител, Ристо Јовковски,. „Променета е целата опрема. Отсега натаму секоја слика ќе се обработува и архивира во резолуција со висок квалитет (Full HD)“.

Високата резолуција овозможена со дигиталните сигнали ќе понуди далеку подобар звук, подобри бои и секако супериорен квалитет на сликата. Пример, HD резолуцијата е 720p или 1280×720, додека Full HD што најави Сител е 1080p или 1920×1080. Но, HD квалитетот ќе го видат тие гледачи кои имаат HD телевизор. За тие со постари кутии ќе ја добиваат вообичаената слика бидејќи уредите не можат да ја поддржат резолуцијата.

[youtube]KSI5cUJjb1A[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед