1 коментар 3 мин. читање 17 октомври, 2013

Гејмери решија загатка за ХИВ вирусот која ги бунеше научниците

Играчите на Foldit за десет дена го одговорија прашањето кое десетина години претставуваше енигма за научниците. Откривањето на структурата на ензимoт M-PMV, кој има слично однесување со ХИВ вирусот, во иднина може да има клучна улога во пронаоѓање на лек за оваа болест.

Гејмерите успеаа да ја пронајдат формата на ензимот за чие одржување е потребна минимална енергија. Во процесот на откривање на обликот учествувале над 60.000 играчи од целиот свет кои успешно го „декодираа“ ензимот кој е одговорен за мултипликацијата на ХИВ вирусот. Познавањето на формата ќе им овозможи на истражувачите кои го бараат лекот да откријат како ензимот функционира, но поважно да изнајдат ефикасен начин да го нападнат вирусот.

„Улогата која ја имаа играчите на Foldit за откривањето на структурата на M-PMV ја покажува моќта на онлајн игрите кога во прашање е насочувањето на човечката интуиција и вештини за препознавање на три-димензионални облици за решавање на проблемите.“, вели Сет Купер, еден од креаторите на Foldit за ZME Science.

Foldit е релативно едноставна игра чија цел е преструктурирање на протеините кои ги презентира играта, а за играње не е потребно познавање на биологија, туку само вродените вештини за снаоѓање во просторот. Играчите добиваат поени за тоа колку добро е „спакуван“ протеинот, колку ефикасно се скриени хидрофобите(hydrophobic) и како се расчистуваат сударите.

„Ова беше нашата последна шанса. Дали играчите на Foldit навистина можат да го решат? Тие успеаа да го решат за помалку од 10 дена.“, вели Фирас Катиб од Универзитетот Вашингтон.

Ова не е првпат играчите на Foldit да им помогнат на научниците. Досега имаат допринесено и во истражувањата за рак и алцхајмер. Едно е јасно, волонтирањето никогаш не било позабавно, преземете ја играта и играјте можеби вие ќе бидете заслужни за следното откритие!

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
дејан
дејан
12 years ago

Гејмер ако не поногне,кој? :D гејмерите ке го спасат светот лол

Мени
Заедница
Изглед
To top