Apple тестира снимање на забавени видеа за новиот iPhone

Со новиот оперативен систем iOS 7 и iPhone 5S, Apple ќе го промени софтверот на камерата и ќе овозможи снимање на забавени видеа. Брзината со која ќе снима камерата ќе биде 120 фрејмoви во секунда според откриената референци во бета верзијата на iOS 7, јавува 9to5mac.

Засега Samsung Galaxy S4 е единствен од паметните телефони со опција за 120 FPS снимање на видео, иако според критиките кои ги добива корисниците не се воодушевени. Засега поверојатна варијанта е 60FPS видео со поддршка за збогатена видео и аудио репродукција, едитирање и експортирање на видеата.

Apple се надева дека камерата ќе го врати iPhone повторно на врвот, а забавените видеа ќе бидат „кул-фактор“ кај корисниците. Доколку се покажат точни шпекулациите за забавено снимање, корисниците ќе мора да почекаат најмалку до iPhone 5S, бидејќи хардверот на iPhone 5 не поддржува вакво снимање.

[youtube]fVvDpZE23rg[/youtube]

[youtube]9FseSDzWDCQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments