Samsung отвара центри за вештачка интелигенција во Велика Британија, Канада и Русија

во Свет

Научниот центар на Самсунг за истражување и развој на продукти – “Samsung Research” ги објави своите планови за воспоставување на три Центри за вештачка интелигенција кои ќе бидат лоцирани во Кембриџ (Велика Британија), Торонто (Канада) и Москва (Русија). Центрите ќе имаат за цел зајакнување на капацитетите на Компанијата и истражување на потенцијалот на вештачката интелигенција наменета за корисниците.

Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Кембриџ ќе биде предводен од Андреј Блејк, поранешен Директор на Лабораторијата на Компанијата Мајкрософт во Кембриџ и пионер во развојот на теоријата и алгоритмите кои можат да овозможат компјутерите да се однесуваат како машини кои гледаат. Преку соработката на истакнати експерти од областа, како што е професорот Маја Пантиќ од Империал Колеџ, Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Кембриџ ќе игра клучна улога во напредното истражување на вештачката интелигенција за “Samsung Research“.

“Овој нов центар ја означува нашата посветеност за унапредување на вештачката интелигенција. Нашите истражувања ќе ни помогнат подобро да го разбереме човечкото однесување, додека истражуваме области како што е препознавање на емоции со што и понатаму ќе ги прошируваме границите на комуникација ориентирана кон корисниците за да развиеме технологии за вештачка интелигенција кои во крајна линија ќе го подобрат животот на луѓето.” –изјави Ендру Блејк.

Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Торонто ќе биде предводен од д-р Лари Хек , постар Потпретседател на “Samsung Research America“ (SRA) и експерт за виртуелни лични асистентски технологии, а воедно и Директор на “SRA“ Центарот за вештачка интелигенција. Центарот за вештачка интелигенција во Торонто ќе ги зајакне своите истражувачки напори во основните АИ технологии со стратешка соработка со главните универзитети во Канада.

Се очекува Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Москва да се темели на руската експертиза по математика, физика и другите фундаментални науки. Во овој центар е планирано да се вклучат водечки експерти за вештачка интелигенција, како професорот Димитриј Ветров (Висока школа за економија) и професорот Виктор Лемпицки (Институт за наука и технологија,  Сколково) кои ќе ги водат истражувањата за алгоритмите во Центарот за вештачка интелигенција.

За повеќе детали за “Samsung Research“ и глобалните Центри за вештачка интелигенција, посетете ја официјалната веб-странa.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments