Самсунг го претстави новиот заоблен гејминг монитор CJG5 на Gamescom 2018

Самсунг го претстави својот најнов заоблен монитор создаден за играње игри – CJG5 на овогодинешниот Gamescom 2018. Во рамки на овој настан, Самсунг ја изложи својата линија напредни монитори за играње игри кои се опремени со супер ултра-широка CHG90 зона за искуства под мотото „Поширок поглед. Победничка игра.“ (“Wider View. Winning Play.”). Гејмском е едно од најголемите светски трговски шоуа за забавната и гејминг индустријата кое оваа година се одржа во Келн, Германија од 21 до 25 август, а изминатата година привлече повеќе од 350 илјади посетители од над 50 држави.

 “Како резултат на драстично зголемената побарувачка на монитори наменети за играње игри, се обидовме да понудиме монитор со компетитивна цена, чија премиум технологија ќе биде достапна за поголем број на корисници. Со технолошката експертиза која ја имаме акумулирано низ годините, континуирано правиме напори да ги подобриме карактеристиките за играње – како 144 херци и висока “WQHD” резолуција, кои ќе бидат ценети од поширокиот пазар.“ – изјави Сеог-ги Ким, Извршен Потпретседател на Одделот за Визуелни Екрани во Самсунг Електроникс.

Моделот CJG5 вклучува WQHD резолуција (2,560 x 1,440), која е за четири пати повисока од HD, прикажувајќи прецизни и реални слики со подлабоки црни и посветли бели тонови и поенергични бои, како и висок сооднос на контраст од 3000:1. При поврзување со заоблен панел со вертикално порамнување и тристраниот дизајн, моделот “CJG5“ комплетира неверојатна средина што овозможува најдобро искуство при играњето игри и го намалува заморот на очите. Дополнително, аголот на искривување на екранот од 1800R го намалува заморот на очите со намалување на промената на растојанието помеѓу корисникот и екранот. Со реалниот приказ на екранот, моделот CJG5 им помага на корисниците кои брзо го менуваат фокусот додека играат игри, дури и во подолги временски периоди.

Фреквентноста на фрејмови од 144 херци овозможува екстремно чувствителна и “респонсивна“ графика која не ја кочи сликата што дополнително го збогатува искуството при играњето игри. Посебниот режим за играње и кино – режимот автоматски го оптимизираат нивото на црни гама зраци, контраст, острина и заситеност на сликата за било кој вид игри и филмови. Корисниците исто така веднаш може да ги проверат и контролираат клучните поставки за време на играта на едноставен начин, користејќи го наменското “On Screen Display“ (OSD) мени на контролната табла со интерфејс во стил на играта.

За повеќе информации за “CJG5 WQHD“ мониторот на Самсунг, посетете го нивниот сајт, а за да дознаете повеќе за учеството на Самсунг на овогодинешното издание на “Гејмском“, погледнете тука.

Клучни Спецификации

МоделCJG5
Големина (дијаметар)27”, 32”
ДизајнЗаоблен екран
БојаТемно сива
Резолуција2,560 x 1,440
Сооднос на екран16:09
Степен на Заобленост1,800R
Тип на панелЗаоблен со вертикално порамнување (Vertical Alignment Curved)
Светлост300 cd/m2
Агол на видливост178o(H)/ 178o(V)
Фреквентност на освежување на слика144Hz
Контраст (сооднос)3,000 : 1
Време на одговор4ms (GTG)
Влезен сигнал2x HDMI (1x 2.0, 1x 1.4), 1x DP 1.2, Слушалки

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments