Samsung го претстави новиот Galaxy Note 8

По фијаското со Galaxy Note 7, Samsung се надева дека со Galaxy Note 8 повторно ќе ја врати довербата кај корисниците. Колку фановите го сакаат Note телефонот, покажува и самиот факт дека додека Samsung не ги исклучи телефоните голем дел од корисниците не ни сакаа да ги вратат. Сепак, овој пат Note 8 ќе треба да се „натпреварува“ не само со iPhone, туку и со Pixel на Google и Essential Phone на Енди Рубин.

“Верните љубители на Note уредите се наша постојана инспирација и за нив ја дизајниравме оваа осмица. Од бесконечен екран до S Pen паметно пенкало и уште помоќна двојна камера, Galaxy Note 8 им овозможува на луѓето на направат работи за кои никогаш не ни помислувале дека ќе бидат возможни.” – изјави ДЈ Кох, Претседател на Дивизијата за Мобилна Комуникација во Samsung.

Хардвер

Телефонот доаѓа со навистина одличен хардвер. Секако разликата во хардвер помеѓу врвните телефони на сите производители е минимална. Харвдерот е речиси ист, а единствената разлика е во некои функционалности. Димензиите на телефонот се 162.5mm х 74.6mm х 8.5mm, а тежината 195 грама.

Телефонот доаѓа со 6,3-инчен qHD+ Super AMOLED екран со резолуција 2960 x 1440 (521 ppi); Процесорот е Exynos 8895 или Snapdragon 835; основниот модел доаѓа со 6GB RAM меморија и 64GB слободен простор, постои можност за надградба до 128 и 256 GB; 3.300 mAh батерија и можност за бежично полнење. Заштитата на уредот е преку читач на отпечатоци на прстот и читач на ирисот на окото.

Оперативен систем

Note 8 во продажба доаѓа со Android 7.1.1 Nougat. Ова значи дека од продавница купувачите ќе си заминат со претходната верзија на Android, иако компанијата ветува дека Oreo надграбата ќе пристигне наскоро. Ова „наскоро“ е еден од проблемите на Samsung кој не е познат по брзата имплементација на безбедносни закрпи, ниту на брза надградба на оперативниот систем.

Уживајте во повеќе содржини и направете повеќе на својот бесконечен екран

Иако Galaxy Note 8 има до сега најголем екран од сите Note уреди, неговото тесно куќиште овозможува удобно држење на уредот во една рака. Дијагоналата на “бесконечниот” екран од 6,3 инчи Quad HD+ Super AMOLED им овозможува на корисниците да видат повеќе, а да скролаат помалку.

Покрај “Multi Window“ опцијата за отварање неколку прозори истовремено, Note 8 воведува и нова функција “Pair” за креирање персонализирани парови на апликации на “Edge“ панелот со истовремено стартување на две апликации. Сега корисниците ќе можат да ги гледаат видео содржините додека пишуваат порака или да се вклучат во конференциска врска додека бројот и дневниот ред на состанокот им стои на екранот.

Нов начин на комуникација со “S Pen” пенкало

Од неговото воведување, “S Pen“ пенкалото остана една од најважните карактеристики на Note уредите. Note 8 серијата воведува уште подобро “S Pen“ пенкало со потенок врв и подобра чувствителност на притисок овозможувајќи нови начини на пишување, цртање, интеракција со телефонот како и комуникација со пријателите. Со овој модел сега е овозможено и споделување на анимираниот текст или цртеж преку различни платформи кои подржуваат анимирани GIF-ови (AGIF format).

Покрај тоа, опцијата “S Pen Translate“ помага на корисниците во текот на патувањата уште побрзо да преведуваат текстови, зборови и цели реченици, на 71 јазик, како и веднаш да ги конвертираат единиците во странски валути.

Подобри фотографии со камерата на уредот Galaxy Note 8, најдобриот во својата класа

Galaxy Note 8 моделот е опремен со две задни камери од по 12 MP со оптичка стабилизација на слика со широко аголен и теле-фото објектив. Исто така, широко аголниот објектив имаDual Pixelсензор за брзо автоматско фокусирање, така што на корисниците им овозможува фотографирање на појасни и поостри фотографии дури и во услови на слабо осветлување.

Со одбирање на “Dual Capture” опцијата и двете задни камери истовремено ќе фотографираат. Резултатот се две фотографии, при што една од фотографиите е фотографирана од блиску со теле-фото објективот, додека другата е широко аголна и ја прикажува целата позадина. Новата опција “Live Focus” се користи за контрола на длабочината на полето со можност за прилагодување на “bokeh“ ефектот во приготвувањето на работната програма, но и по фотографирањето на фотографијата.

Galaxy Note 8, исто така, е опремен и со предната камера од 8 MP, со авто-фокус за остри фотографии и видео разговори.

Функциите и услугите на Galaxy Note 8

  • Отпорност на вода и прашина: својот Note 8 уред корисниците можат да го носат со себе каде и да посакаат затоа што и телефонот и “S Pen“ пенкалото се отпорни на вода и прашина (IP68 стандард). И може да пишувате на него дури и кога екранот е мокар.

  • Брзо безжично полнење: Note 8 подржува до сега најнапредни можности за безжично полнење, така што корисниците можат брзо и лесно да го наполнат својот уред без со себе да носат портови и кабли.
  • Безбедност: Galaxy Note 8 нуди спектар на опции за биометриска автентикација – вклучувајќи и снимање на ирисот на окото и отпечаток од прстот. Samsung Knox воведува безбедност која ги исполнува стандардите на одбранбените сили, како на ниво на софтвер така и на ниво на хардвер, а со опцијата за безбедно чување на податоци “Safe Folder“ корисниците можат да ги одвојат своите лични податоци од деловните податоци.

  • Моќни перформанси: Со 6 GB RAM меморијата, процесорот од 10 nm и меморијата која може да се прошири до 256 GB, Note 8  е одличен за брзо пребарување, вклучување на содржини на интернет, играње на игри и извршување на повеќе задачи одеднаш.
  • Иновативна употреба на мобилните уреди: Galaxy Note 8 овозможува користење на “Samsung DeX“ опцијата кога на корисниците им е потребно лесно да ја префрлат работата од својот телефон на десктоп комјутер, без оглед на тоа дали сте на терен, во канцеларија или дома. Galaxy Note 8 ја поседува и гласовната команда Bixby за лична интеракција на корисните со својот телефон.

Мобилни перформанси, продуктивност и безбедност за деловните корисници

  • Унапреденото S Pen“ пенкало за деловните корисници: S Pen им овозможува на деловните корисници да го работат она што не можат на останатите “паметни” уреди, како дискретно да забележат нешто во работната програма на “Screen Off Memo“ или брзо да ги означат документите и фотографиите.

  • Автентикација без допир: Galaxy Note 8 им нуди на деловните корисници снимање на ирисот на окото – на пример, за вработените во секторот на здравство, градежништво или јавна безбедност, кои можат да се најдат во ситуација во која им е потребно отклучување на својот телефон, а да не мора да го провлекуваат прстот преку екранот или да го снимаат својот отпечаток од прст. 

Приоритет е безбедноста на корисниците

Батеријата на Galaxy Note 8 уредот го помина најригорозниот тест во оваа индустрија за проверка на безбедноста на батеријата која се состои од осум чекори.

“Заедно со Samsung соработуваме за да дојдеме до суштински напредок во науката која се занимава со проценка на квалитетот и безбедноста на паметните телефони. Како последица од оваа соработка, Galaxy Note 8 успешно го помина ригорозното тестирање преку протоколите за компатибилност за безбедност на телефоните и батериите. Се радуваме на нашата понатамошна стратешка соработка со Samsung со што ќе обезбедиме сигурност на уредите за сите корисници.” – изјави Саджив Джезудас, Претседател на УЛ Интернационал.

Galaxy Note 8 ќе биде достапен од средина на септември, во Полноќно Црна (Midnight Black) и боја на Златен Јавор (Maple Gold). Препорачаната малопродажна цена за Galaxy Note 8 на македонскиот пазар изнесува 59.888 денари.

За повеќе информации поврзани со уредот Galaxy Note 8, посетете ја официјалната веб страната.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Android телефон, денес таа „титула“ останува кај Pixel. Note 8 сепак, е најдобриот телефон на […]