Apple ги намали очекувањата за своите возила. Компанијата никогаш не излезе со официјален став, но сепак мислењето на јавноста беше дека по Google, и Apple наскоро ќе претстави возило.
Но, сите извештаи од компанијата велат дека нема да има возило од Apple. Компанијата работи на технологија која ќе го овозможи функционирањето на паметни возила. Apple сега ќе го копира успехот на Google. Двете компании немаат намера да бидат производител на возила, но ќе работат на софтвер кој ги овозможува. Ако за Google (сега Waymo) најголем дел од патот е поминат, за Apple се чини дека сега започнува.
Сепак, амбицијата на Apple на почетокот беше далеку поголема. Компанијата „крадеше“ вработени од Tesla кои работеа на возилата, а не на софтверот. Се чини дека иако имаа план за возило, не успеја да го реализираат. Анинимни извори за New York Times подетално објаснуваат на што работела компанијата.
Дискусијата во компанијата одела дотаму што експертските тимови во Apple, решавале дали за возилото софтверот да се изработи во Swift или C++.
Причината за забавувањето на проектот е несогласувањето во тимот за нивото на автономија на возилата. Дел од компанијата сметал дека треба да развијат целосно автономно возило, а дел дека сепак треба да му се остави можност за преземање контрола на возачот.
Секако Apple има доволно средства во иднина да купи и некој од производителите. Ова не е нова приказна, пред некоја година се појавија шпекулации дека Apple е во преговори за купување на Tesla. Ако некогаш тоа било реалност, сепак планот остана нереализиран.