0 коментари 2 мин. читање

Само уште 24 часа за пријавување учество на Online Startup Weekend Skopje

Овој викенд ќе се одржи првиот Online Startap Weekend Skopje – Covid-19 edition. Овој настан претставува уникатна можност за развивање бизнис идеи кои ќе му помогнат на општеството да се справи со предизвиците на пандемијата. Настанот ќе им овозможи на учесниците да изградат тим, да се поврзат со искусни ментори и да добијат вредни награди кои ќе им помогнат да продолжат да ги развиваат бизнис идеите.

Online Startap Weekend Skopje – Covid-19 ќе се одвива за време на викендот 24-26 април, и сите активности, од работа во тим, до менторски сесии и презентирање на идеите, ќе се одвиваат исклучиво online. На настанот можат да учествуваат сите во С. Македонија без разлика на тоа дали имаат своја идеја или сакаат да се приклучат во тим на некој друг.

Учеството е бесплатно и останаа само уште 24h за пријавување. Кликнете тука за да се пријавите, и тука за да ја пријавите вашата идеја. Доколку имате прашања, контактирајте го тимот на Startup Weekend Skopje на официјалната Facebook страна.

Покрај можноста за вмрежување, развивање на реален бизнис, стекнување на сертификат за учество, и можност за добивање вредни награди, ова е уникатна можност да бидете дел од едно глобално движење и секако, да правите нешто забавно и интересно за време на викендот 24-26 април. Пријавете се и бидете дел од првиот Online Startup Weekend Skopje – Covid-19 editiоn сега!


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top