Apple Music „пристигна“ во Македонија

Сервисот за музика на Apple, Apple Music од денес е достапен во 52 нови држави, а веста која сите корисници на iPhone ја чекаа е дека една од овие држави е и Македонија. Со ова сите љубители на музиката легално и без различни „трикови“ ќе можат да слушаат музика на својот телефон.

Во Европа покрај во Македонија, Apple Music ќе можат да го користат и жителите на Исланд и Хрватска. Од денес Music е достапен и во овие држави:

Африка: Алжир, Ангола, Бенин, Чад, Либерија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мавританија, Мозамбик, Намибија, Република Конго, Сенегал, Сејшели, Сиера Леоне, Танзанија и Тунис.

Азија-Пацифик: Бутан.

Латинска Америка и Кариби: Бахамите, Гвајана, Јамајка, Монтсерат, Света Луција, Сент Винсент и Гренадините, Суринам, Турците и Каикос и Уругвај.

Близок Исток: Кувајт, Катар и Јемен.

Океанија: Соломонски острови.

Освен Apple Music на нови пазари пристигаат App Store, iCloud, Apple Podcasts и Apple Arcade. Овие сервиси од денес се достапни во 175 држави, а со последното додавање се покриени сите држави од регионот.

Најновите држави во ова семејство се: Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Демократска Република Конго, Габон, Либија, Мароко, Руанда, Замбија од Африка; Од Азија-Пацифик: Малдиви и Мјанмар; од Европа: Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Црна Гора и Србија; од Блискиот Исток: Авганистан и Ирак и од Океанија: Науру, Тонга и Вануату.

Со додавањето на новите пазари Apple ќе обезбеди поголема заработка од сервисите за кои компанијата се надева дека ќе помогнат за зголемување на приходите на компанијата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments