0 коментари 1 мин. читање 18 февруари, 2010

Сајберпанк тетоважа со аугментирана реалност

{mosimage} Аргентинската компанија ThinkAnApp успеа да направи тетоважа со дигитално проширена реалност. Дизајнот е всушност QR код
кој кога ќе се постави пред веб камера прикажува интересно анимирано змајче.

Ова е уште еден можност за што би можеле да ја користиме проширената реалност, која несомнено ќе стане секојдневие, од згради до секојдневието во кујната. Можеби ваква тетоважа во моментот е премногу, ќе треба да сте нон-стоп пред камера да ја видите. Но… откритието на ThinkAnApp не е тетоважата туку софтверот.

„Најголемата технолошко откритие на оваа тетоважа е софтверот кој го препознава баркодот на површини кои не се 100% рамни, како на пример делови од телеото, што отвара нови можности за уметност на виртуелни телесни модификации.“ вели блогот CookingIdeas.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top