0 коментари 2 мин. читање 18 февруари, 2010

Те молам ограби ме

{mosimage} Sharing is caring. Но од друга страна со развојот на сервиси за брзо и јавно сподeлување информации, заедно со сервиси за одредување на локација можеби самите си бараме да бидат тие информации злоупотребени.

PleaseRobMe.com е интересен сајт кој ги собира сите постови од Twitter и Foursquare во кои се вели дека некој не е дома, односно луѓето користејќи ги сервисите за локација кажуваат дека се на пример, во ресторан, во музеј… Интересно само со 140 карактери ние му кажуваме на светот дека не сме дома, дека нашиот стан или куќа се празни. Па повелете ограбете ги.

„Опасноста е јавно да им кажувате на луѓето каде сте. Ова е бидејќи кажувате дека не сте дома. Така, од една страна го оставаме светлотот упалено кога одиме на одмор, но од друга страна јавно на сите на интернет им кажуваме дека не сме дома.“ велат од PleaseRobMe.

И покрај генијалната идеја на сајтот да покаже колку сме неодговорни, сепак споделувањет на локацијата само што станува популарно. Можеби ќе биде се во ред кога ќе ја поврземе куќата со Twitter, па ќе не извести кога некој не ограбува. :)

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top