Доналд Трамп го помилува инженерот осуден за кражба на интелектуална сопственост од Google

0 коментари 2 мин. читање

Последниот ден од својот мандат Доналд Трамп го помилува инженерот осуден за кражба на компаниски тајни од Google, Ентони Левандовски.

Г. Левандовски е основач на стартапот за автономни камиони Otto; компанија која потоа стана дел од Uber. Левандовски беше инженер во Google, но кога ја напушти компанијата заедно со него ја зема и технологијата за автономни возила.

На судењето Google тврдеше дека контактот со Uber e уште пред да го напушти Google. Google го обвини г. Левандовски и дека пред да ја напушти компанијата, на екстерен хард-диск снимил 14 000 фајлови, со големина од 9,7 GB. Дел од овие фајлови е и дизајнот на LiDAR плочката која Google (сега Waymo) ја користи во своите автономни возила.

На читањето на пресудата судијата кажа дека тоа е „најголемата кражба на компаниски тајни која некогаш ја видел“, вели Engadget.

Судскиот спор резултираше со 18 месечна затворска казна за г. Левандовски; Google доби дел од Uber во вредност од 245 милиони долари; а Uber вети дека нема да ја користи технологијата. Г. Левандовски требаше да започне да ја отслужува казната по пандемијата, но секако тоа нема да се случи.

Поддршка за г. Левандовски и барање за негово помилување дојде од основачот на PayPal, Пител Тиел и креаторот на Oculus VR, Палмер Лаки.

За жал дел од помилуваните не беа Едвард Сноуден или Џулијан Асанж.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед