САД ќе го олесни тестирањето на автономни возила

во Свет

Националната агенција за безбедност во сообраќајот на патиштата на САД (NHTSA) направи значаен чекор напред за олеснување на регулирањето на автономните возила. Агенцијата најави отворање на „доброволна национална рамка“ наменета за оценување и надгледување на нивното користење. Рамката е надградба на минатогодишната програма за безбедност, транспарентност и оценување на возила опремени со автоматизиран систем за возење. Рамката е позната и под името AV STEP. Новите правила се потенцијален исчекор за компаниите со автономни возила кои долго време беа попречувани од застарени правила. Овие компании за возврат на регулаторната флексибилност ќе треба да обезбедат поголема транспарентност и повеќе податоци.

AV STEP треба да го поедностави процесот на одобрување за автономни возила кои немаат традиционални делови, на пример педали или волани. Оваа иницијатива воведува полесен „пат за исклучоци“. Овие исклучоци се однесуваат на број на возила кои не ги исполнуваат условите, на пример возила без волан или педали. Агенцијата ветува помалку бирократски пречки, и можно укинување на годишниот лимит од 2 500 исклучоци за безбедност на моторни возила пропишан од агенцијата. Ова може да отвори простор за поширока комерцијализација на потполно автономни возила.

“AV STEP ќе обезбеди важна национална рамка во клучно време за развој на автономните системи за возење. Безбедноста, транспарентноста и одговорниот развој се клучни за јавноста да има доверба, а технологијата да го достигне својот потенцијал.“, вели Адам Равив директор на Националната агенција за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Сепак промените доаѓаат со зголемени барања за транспарентност. Компаниите ќе треба да споделат повеќе оперативни и безбедносни податоци. Агенцијата смета дека овој пристап е од суштинско значење за изградба на доверба во автономната технологија, која и натаму нема потполна доверба од јавноста.

Photo by gibblesmash asdf on Unsplash

Новогодишен подарок за автоиндустријата

Потегот на администрацијата на Бајден може да биде долгоочекуван спас за американската автомобилска индустрија. Напредокот на секторот е заглавен во различни државни регулаторни правила. Федералното законодавство насочено кон проширување на употребата на автономни возила е заглавено во Конгресот повеќе од седум години поради несогласувања околу одговорноста, стандардите за безбедност, и лимитите за исклучоци. Истовремено кинеските производители на автономни возила ги тестираат своите возила на улиците во Кина.

Со AV STEP, NHTSA покажува подготвеност да ја промени својата тврда позиција, потенцијално забрзувајќи го патот кон иднината без возачи. Сепак, инсистирањето на агенцијата за зголемена размена на податоци предизвика мешани реакции. Застапниците за безбедност предупредуваат дека таквите мерки за транспарентност може да бидат краткотрајни, особено под администрацијата на Трамп, пренесе Verge.

Критичарите секако ја потенцираа блискоста на сопственикот на Tesla, Елон Маск со претседателот Трамп. Извршниот директор на Tesla, кој на изборите беше и клучен сојузник на Трамп, лобира за помалку ограничувања за автономни возила. Ова треба да го отвори патот за планираното автономно такси возило на Tesla во 2026 година.

Споредби со Кина

Промените во законот треба на американските производители да им помогнат за поголема конкурентност. Додека САД се соочуваат со регулаторни пречки и дебати за транспарентност, Кина брзо напредува во полето на автономни возила. Кинеската влада усвои пристап „од врвот“. Ова овозможува брзо воведување на национални стандарди и назначување на тест-зони во големи градови како Шенжен и Пекинг. Оваа поедноставена рамка им овозможи на кинеските компании како Baidu и Pony.ai да воведат илјадници автономни возила. Многу од возилата функционираат без безбедносни возачи.

Критичарите  на овој пристап тврдат дека брзината на Кина доаѓа на сметка на транспарентноста и на безбедноста. Засега САД придава приоритет на споделувањето податоци и довербата на јавноста. Критиките кон Кина се дека често ги игнорира безбедноста и транспарентноста за да ја задржи технолошката предност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments