Поради царините најголемите технолошки компании изгубиле 1,8 билиони од својата вредност

во Вести

Втора недела по ред во фокусот на вниманието и на техничките вести се повисоките царини кои ги воведе САД. Со оглед на процените за повисоки цени за електроника, но и падот на акциите на техничките компании и на вредноста на криптовалутите, ова не е изненадување. Оваа недела се чини дека нема да донесе смирување на состојбата и стабилизација. Наместо тоа, добивме закани за повисока царина.

Претседателот Трамп се закани со дополнителни 50% царини за Кина, доколку таа не го повлече зголемувањето од 34% до 8 април 2025 година. Дополнително, најави и прекин на сите разговори со Кина. Оваа нова закана следи по претходно воведените 20% тарифи за фентанил и 34% тарифи поради трговски прашања, што потенцијално би довело до вкупно 104% или повисоки царини на кинески производи.

„Затоа, доколку Кина не го повлече своето зголемување од 34% над нивните веќе долгорочни трговски злоупотреби до утре, 8 април 2025 година, Соединетите Држави ќе воведат ДОПОЛНИТЕЛНИ царини за Кина од 50%, кои стапуваат на сила на 9 април. Дополнително, сите разговори со Кина во врска со нивните барања за средби со нас ќе бидат прекинати!“ напиша Трамп на Truth.

Сепак, Трамп остави можност за преговори со другите 60-тина земји погодени од реципрочни тарифи, најавувајќи дека разговорите ќе започнат веднаш. Оваа промена во тонот, по претходните цврсти изјави, предизвика краток оптимизам на берзите, со краток пораст предизвикан од лажна гласина за пауза на тарифите. Администрацијата потврди дека повеќе од 50 држави побарале состаноци. Најавата за средби можеби укажува на потенцијална промена во трговската политика на САД.

Пад на акциите на технолошките компании

Како последица на цврстите ставови за повисоки царини акциите на „Magnificent Seven“ продолжија да паѓаат и оваа недела. Само за два дена вкупниот пад на вредноста на Nvidia, Apple, Meta, Amazon, Microsoft, Alphabet и Tesla изнесува 1,8 билиони долари. Малку надеж на берзата и даде шпекулација дека царините ќе бидат одложени, но откако ова не се случи продолжи падот. Ова е најлоша недела на Nasdaq Composite од Ковид-19, пишува CNBC.

Покрај акциите на најголемите технолошки компании пад забележаа и акциите на помалите гиганти како Oracle и Palantir Technologies. Акциите на компаниите кои произведуваат полуспроводници се паднати поради стравувањата од потенцијално намалување на побарувачката поради царините. Падови забележаа и акциите на AMD и на Intel.

Барем засега ова не влијае на намерите на Трамп за повисока царина. Тој ги потврди своите планови за глобални тарифи, со почетна еднострана тарифа од 10% која стапи на сила на 5 април. Волстрит се надеваше на напредок во преговорите или на одложување на реципрочните тарифи закажани за 9 април. Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Димон, предупреди дека новите давачки ќе ги зголемат цените на домашните и увозните стоки и ќе го оптоварат американското стопанство.

Автомобилските компании веќе најавија пауза во испораките, зголемување на цените и други мерки. Има предупредувања и за повисоки цени во продавниците за храна и за зголемување на цените на електрониката.

Ниту криптовалутите не се сигурни

Ниту биткоин не остана имун на влијанието на повисоките царини. Криптовалутата забележа пад од 10% од објавата на глобалните тарифи на претседателот Трамп. Крипто-ентузијастите се израдуваа на неговиот втор избор, бидејќи тој важи за голем поддржувач на индустријата и вети дека САД ќе ги претвори во “главен крипто-град на планетата”. Сепак, сега цената на биткоин паѓа. Овој пад покажува дека и биткоин, и покрај тоа што често се претставува како најстабилна криптовалута, е подложен на пазарните промени.

Веројатна причина за падот е што многу инвеститори го третираат биткоин како и секоја друга ризична инвестиција во техничкиот сектор која се продава во криза. Иако Трамп ги исполни своите ветувања за поддршка на крипто индустријата неговите тарифи предизвикаа незадоволство.

„Криптото е чудно, но најчесто е поврзано со оптимизмот и апетитот за ризик. Тој оптимизам се распаѓа под молкот на Трамп.“, пишува Хасиб Куреши на X.

ДатаВредност на биткоин (американски долари)Промена (%)
2 април87 000
3 април82 0005,7
4 април75 7007,7
5 април83 840+10,8
6 април76 898-1,2

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments