Contra: Operation Galuga e достоен продолжеток во долго-годишниот серијал

Серијалот контра е исклучително популарен серијал. Првата игра датира уште во 1987-та година. Од тогаш па до сега, излегоа 15 главни игри, а некои од нив инстантно се претворија во евегрин класици. Претпоставуваме дека постарите гејмери носталгично се присетуваат на игрите Contra и Super Contra.

Како 15 главна игра во серијалот, Contra: Operation Galuga се враќа на корените. Во визуелно-импресивно руво и со модерни механики, поминувате низ слични мапи, непријатели и босови како во оригиналната игра. Овојпат, меѓутоа, новитетите ги искусувате заедно со уште тројца пријатели!

На Operation Contra работи студиото WayForward, најдобро познато по игрите Shantae, River City Girls, и Mighty Switch Force.

Носталгично патување во минатото

Во Contra: Operation Galuga мисиите се осмислени според едноставен урнек; се движите низ мапата и убивате легија од војници така што користите најразлични оружја. Иако почнувате со едно стандардно оружје, низ мапата можете да земете пламенофрлач, ракетофрлач со само-водечка муниција, ласерско оружје, и многу други. Поентата е да дојдете до крајот на мапата за да можете да се спротивставите со босот.

Ликовите сега имаат целосна гласовна поддршка!

Contra: Operation Galugaата е верна на првата игра. Играјќи со двата добро-познати ликови, се движите, скокате и пукате на истиот начин како во оригиналот. Потоа, поминувате низ визуелно „надградени“ мапи кои болно потсетуваат на мапите од оригиналот (што е исклучително добра работа, особено за носталгичарите). Првичното добивање на оружјата, како и соочувањето со одредени непријатели и босови ќе направат одново да се вратите во детството.

Босовите знаат да понудат огромен предизвик, особено доколку пробате да се соочите со нив сами!

Но, не е се баш исто како порано. Одредени работи дополнително ја прошируваат играта и ѝ даваат поголема длабочина. Па така, овојпат имате приказна која се труди (но, за жал не успева) да ве заинтригира за мотивите на двата ликови. Иако ги ценевме бројните дијалози, сепак сметавме дека некогаш и не им е баш местото за време на адреналински пресметки, особено кога се зборува многу за да се каже малку.

Од друга страна, ни се допадна тоа што некои мапи се верно пренесени, а некои се целосно нови. Благодарение на ова, се нуди пријатна и неочекувана свежина низ кампањата. На располагање имате и нови ликови кои се одликуваат со уникатни способности и движења, како лебдење, лизгање и слично. Особено ни се допадна можност за надградба на оружјата како и можноста да го „жртвувате“ оружјето за да активирате еден вид улта – разорна моќ која го уништува оружјето.

Доколку имате надградено оружје и ве погодат, ќе ја изгубите надградбата. Доколку изгубите живот, ќе го изгубите и оружјето

Old-school акција

Contra: Operation Galuga игра на сигурна карта и е особено претпазлива кога се работи за воведување значајни новитети. Поради тоа, она што ќе го најдете во играта е првенствено органско надоврзување и проширување на механиките од оригиналот. Како најсветлата точка е тоа што никако не морате сами да ја искусите играта и низ бројните стази може да ви се приклучат уште тројца пријатели.

Иако со задоволство поминавме низ играта соло, забавата е значително поголема кога ќе се соочите со бројните непријатели (особено со босовите) со заеднички сили. За поголема ефикасност и полесно напредување низ мисиите, ќе можете да отклучувате дополнителни способности, како можност да ја започнете стазата со одредено (надградено) оружје.

Низ мисиите ќе можете да носите до две оружја и да ги менувате по потреба!

Покрај кампањата, ги имате на располагање и двата дополнителни режими кои беа препознатливи за Contra 4. Имено, Arcade ви дозволува да издржите што е можно повеќе со ограничен број животи, додека Challenge режимот ви наметнува одредени ограничувања. И двата режими ги препорачуваме по завршување на кампањата и во ко-оп. Во спротивно, сметаме дека забавата нема долго да трае.

Кога ќе се земе сѐ во предвид, Contra: Operation Galuga е вистински погодок и топла препорака за сите што сакаат носталгично да се присетат на old-school шутерите од осумдесетите години. WayForward целосно ја модернизира играта од 1987 година и ефикасно ја проширува забавата со забавни механики и арсенал од свежи содржини.

Играта е одлично оптимизирана и за Steam Deck!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: WayForward
  • ИздаваKONAMI
  • Жанр: акција, платформер
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 12 март 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments