Goodnight Universe – Светот низ очи на необично бебе стана достапен и на NS2!

во гејминг

Од креаторите на критички признаената Before Your Eyes, студиото Nice Dream повторно ве поканува на емотивно патување, со уште едно уникатно поместување на границите на интерактивното раскажување. Во Goodnight Universe, вие ја преземате улогата на Ајзак, шестмесечно бебе кое, на прв поглед, изгледа сосема обично, но всушност развива мистериозни психички моќи. Играта ужива рејтинг од 96% позитивни реакции на Steam, освојувајќи ја, во меѓувреме, и наградата за најдобра меѓународна игра на SXSW Sydney, како и престижната награда на Tribeca Games.

Приказната ве фрла во сржта на еден семеен конфликт каде што вашата единствена желба е да бидете сакани и прифатени од најблиските, додека во позадина демне таинствена технолошка корпорација која има свои планови за вашите способности.

Начинот на кој Goodnight Universe првенствено ќе ве освои е преку иновативната механика на играње. Слично како и кај нејзиниот претходник, Before Your Eyes, играта користи напреден режим на користење камера како еден вид контролер. Имено, вашите вистински трепкања, изрази на лицето и движења на главата директно влијаат не само врз акциите на Ајзак, туку и при манипулација со објекти во околината (преку користење телекинеза).

Нормално, доколку немате или не сакате да користите камера, тогаш на располагање ги имате стандардни контроли. Нема ништо лошо во доживување на приказната на традиционален пристап, но магијата на Goodnight Universe навистина оживува кога ќе дозволите вашите сопствени реакции да го водат наративот. Во случај да имате Nintendo Switch 2, неодамна излезената верзија ќе се одликува со целосна поддршка за камера во идно ажурирање.

Графиката во Goodnight Universe е стилизирана и потсетува на високобуџетен анимиран филм, со топли бои кои го доловуваат комфорот на домот, но и поладни, апстрактни тонови, нешто што е најочигледно кога се манифестираат психичките моќи на Ајзак. Атмосферата е дополнително збогатена со извонредната актерска екипа, предводена од Луис Пулман како Ајзак, и поддржана од талентирани актери како Кери Кени-Силвер и Бо Бриџис.

Goodnight Universe навистина е целосен пакет кој, покрај тоа што може да се пофали со квалитетна графика и впечатлив наратив, се одликува и со незаборавна глума. Ни музиката не е исклучок. Компонирана од Оливер Левин (кој е и ко-основач на студиото), ќе наидете на нумери кои варираат од нежни, интимни мелодии до драматични оркестрални делници, совршено следејќи го емотивниот ритам на играта.

Ако можете да одиграте само една игра, нека тоа биде Goodnight Universe. Она што ќе најдете тука е трогателна приказна за идентитет, припадност и безусловна љубов, раскажана преку една сосема уникатна перспектива. Топла препорака, особено за време на новогодишните празници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments