Tides of Tomorrow e игра која ни доаѓа од истиот тим кој е директен виновник за критички признаената Road 96. Road 96 има посебно место во нашите срца и со огромно задоволство успејавме предвреме да го провериме најновиот проект и да видиме какво уникатно искуство овојпат ни имаат подготвенот телентираните Digixart. Што е она што до сега успеавме да го заклучиме од играта?
- Асинхрон мултиплеер: Вашата игра е директно обликувана од одлуките на играчот чиј профил сте избрале да го следите.
- Еколошка криза: Уникатен свет загрозен од таканаречената пластемија – болест која го пластифицира живиот свет.
- Визуелни ехо-снимки: Механика која ви овозможува да ги видите минатите акции на претходните играчи.
- Систем на фракции: Комплексни интеракции со различни групи со спротивставени интереси.
- Механики на преживување: Потреба од навигација, собирање ресурси и менаџирање со залихите за време на истражувањето.

Пластична судбина
Дејствието во Tides of Tomorrow се одвива на Елинд, пост-апокалиптична океанска планета која е речиси целосно поплавена по огромна катастрофа. Светот во кој се наоѓате е соочен со изумирање поради смртоносната болест позната како пластемија. Поради екстремного загадување, болеста предизвикува живите суштества полека да се претвораат во пластика. Вие не сте исклучок. Во улогата на мистериозен номад принудени сте да ги истражувате пловечките острови и да барате лек додека мака мачите и со преживеаните и со суровите услови на океанот.

По чекорите на претходниот играч
Tides of Tomorrow не е вашата вообичаена авантура. Ова е игра која се одликува со асинхрон мултиплеер систем, наречен Story-Link. Наместо класично кооперативно играње, story-link овозможува секој играч да го следи патот на некој претходен играч, било да е тоа пријател, познат креатор или целосен странец. Одлуките што тој претходен играч ги донел трајно го обликуваат светот со кој вие ќе се вдомите. Нивоата, реакциите на NPC ликовите, па дури и наративни патеки можат драстично да се променат во зависност од тоа дали лицето пред вас бил агресивн, себичен, милосрден или индиферентен. Последиците на играчот што го следите, односно лицето кое било пред вас имаат значајни последици со кои вие сте принудени да се соочувате. За подобра визуелизација на клучните одлуки кои лицето ги донело пред вас, одредени локации нудат ограничен увид преку ехо-снимки или духови. Ова ви дава одредена представа за нивните постапки и, во одредени моменти, може да и помогне да ги предвидите последиците од истите.

Ваквата форма на асинхрон мултиплеер систем звучи фасцинантно, но знае да биде проблем доколку решите да се посветите на некој пат само за да видите како играчот донесувал крајно хаотични одлуки и, со самото тоа, ефикасно го саботираат целото искуството на сите следбеници. Ова не мора да значи дека е лоша работа, но ако играчот пред вас бил себичен, патувањето знае да биде значително поотежнато. За среќа, авторите се имаат погрижено да постават одредени механизми кои, од наративна гледна точка, не можат премногу да ве демотивираат, туку само да ви понудат малку поразлична перспектива која, доколку не ви се допаѓа, можете да пробате да ја промените со следење на некое друго лице.

Поделено општество
Додека пловите низ немирните води со вашиот брод и собирате витални ресурси за опстанок, ќе сретнете различни фракции кои се борат за доминација. Интеракциите се тензични и крајно непредвидливи, првествено затоа што си имате работа со очајни луѓе, луѓе кои се доведени до самиот раб. Некои фракции имаат монопол врз медицината и трговијата, друфи само сакаат да изградат нов живот, иако знаат дека таквото нешто е невозможно, а трети фракции се целосно посветени на славење на минатото. Што и да правите, со кого и да си имате работа, вашите морални компаси константно ќе бидат тестирани.

Пластикпанк естетика
Од технички аспект, Tides of Tomorrow нуди впечатлив уметнички стил кој вешто балансира помеѓу убавината на непрегледниот океан и морбидната реалност на еколошката криза. Визуелниот приказ на пловечките населби изградени од отпад е вознемирувачки шармантен, нешто што е мајсторски надополнето со извонреден дизајн на звукот и меланхоличната музичка подлога. Ваквата комбинација успешно гради длабоко имерсивна атмосфера која ги нагласува темите на изолација и меѓусебна поврзаност.

Трага за идните генерации на играчи
Tides of Tomorrow ги има сите параметри за да прерасне во квалитетна игра со значаен и непредвидлив наратив. Ова е игра која не се плаши храбро да експериментира со концептот на споделено влијание преку иновативните механики, како и да раскаже интригантната приказна за еколошки колапс, нудејќи, притоа, сложените морални дилеми. Особено ни се допадна тоа што секое преигрување е уникатно искуство обликувано од заедницата и едвај чекаме да видиме како понатаму ќе може да се ескпериментира со насловот.