Кратки ИТ вести: Македонските информатичари освојуваат олимписки медали, WordCamp во Скопје по трет пат, видеоиграта Скопје претставена на Pax West, UpShift e .мкстартап на месецот

во Вести

  • Младите македонски информатичари се закитија со повеќе медали. Најпрво, на Интернационалната олимпијада по информатика која се одржи во Унгарија, македонскиот тим го освои бронзениот медал. Потоа, на европската јуниорска олимпијада во Грузија младиот информатичар Дамјан Давков освои историско злато! прочитај повеќе.
  • WordCamp, конференцијата организирана од WordPress корисници и ентузијасти ќе се одржи по трет пат во Скопје.  WordCamp Скопје ќе се оддржи во просториите на универзитетот ФОН на 14-ти и 15-ти октомври. Овие настани имаат голем придонес за целата WordPress заедница и се одлично место за добивање нови искуства, познанства и знаење. прочитај повеќе.
  • Македонското гејминг студио Dark-1 ја претстави долгоочекуваната игра Скопје на Pax West. Pax West е огромен фестивал на видео и друштвени игри кој секоја година се одржува во Сиетл. Играта Скопје е инспирирана од бруталистичката архитектура во Скопје во 1970-те и моментално е во финалните фази од развојот. прочитај повеќе
  • Македонско-американската компанија UpShift беше прогласена за стартап на месец август. UpShift e стартап основан во 2016-та година со примарна цел да поврзува човечки ресурси со бизниси во САД. Во своето седум годишно постоење, платформата за пронаоѓање работна сила на UpShift ја искористиле повеќе од 150.000 кандидати и над 1.600 бизниси во повеќе од 25 градови во САД. прочитај повеќе

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments