Обожавателите на Тејлор Свифт го „расипаа“ Google

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Популарната пејачка Тејлор Свифт во соработка со Google на супер интересен начин го промовира својот старо-нов албум „1989 (Taylor’s Version)“. Промоцијата ја скокотка креативноста на обожавателите и ги држи ангажирани.

Секогаш кога некој во пребарувачот ќе го внесе името на популарната пејачка, во долниот-десен агол може да забележи „син сеф“. Сефот крие загатки во кои корисниците требаа да пронајдат скриени зборови. Заедно со Google креираа 89 word-scramble загатки за обожавателите. Штом корисникот ќе го погоди зборот добива 1 клуч. За целосно откривање на содржината на сефот потребни се 33 милиони точни одговори.

„Swifties“ во еден момент беа толку ангажирани што системот престана да функционира. Google иако започна со „тизер“ за загатките на 16 септември сепак не беше во целост подготвен за љубителите на музиката на Свифт.

Ова и не е преголемо изненадување. Речиси пред точно една година 14 милиони фанови на музиката на Свифт и ботови го срушија сервисот за онлајн продажба на билети Ticketmaster. Оптоварувањето на страницата било 4 пати поголемо од претходниот рекорд открија во соопштението претставници на Ticketmaster.

Што крие(ше) сефот?

Последните неколку албуми на Свифт се реизданија на дел од нејзините први албуми. Заедно со песните од оригиналниот албум пејачката додава уште по некоја „From the Vault“ песна. Истото го направи и за реизданијата на  „Fearless“, „Red“ и „Speak Now“.

(Едит: Веројатно очекувано, 33 милиони загатки не беа доволно да ги задржат долго време љубителите на музиката на Свифт. Сефот е веќе отворен и листата песни кои ќе бидат објавени е комплетна)

Песните кои се додадени во реиздадената верзија на албумот се:

  • „Is It Over Now?“
  • „Now That We Don’t Talk“
  • „Say Don’t Go“
  • „Suburban Legends“

Со оглед на тоа дека веќе нема потреба од решавање на загатките корисниците сега може да отидат на Google да внесат „Taylor Swift“ и да ги дознаат песните. По пребарувањето се отвора кусо видео и гласот на пејачката ги открива четирите песни кои ќе бидат додадени. Ако сепак сте позаинтересирани за играњето, добра вест е дека сѐ уште може да решавате загатки.

1989 (Taylor’s Version) излегува на 27 октомври. Албумот е веќе достапен во претпродажба на онлајн продавницата на Тејлор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk