HELLBREAK: DOOM на инди начин, во арени и со roguelite механики

Hellbreak е брутален арена-шутер од прво лице кој ве фрла во пеколните длабочини, каде што како војник од светските војни, мора да се борите за спасот на сопствената душа. Иако е играта во раниот пристап на Steam, сепак успешно ја спојува брзината на класичните шутери како DOOM со непредвидливата природа на roguelite механиките.

Брзина, рефлекси и стратешки избори

Во Hellbreak имате за задача да ги преживеете брановите на демонски непријатели во затворени арени, импресионирајќи ги господарите на пеколот и заработувајќи ја нивната наклонетост. Борбата е неверојатно брза и бара постојано движење. Секој обид да застанете на едно место резултира со сигурна смрт од проектили кои доаѓаат од сите страни. Ова ве принудува да користите сè што ви нуди околината – од разни препреки за криење до отфрлувачи кои овозможуваат брзо репозиционирање низ мапата.

Клучниот roguelite елемент се манифестира преку системот на „благослови“. Со секој поразен непријател, собирате искуствени поени, а со секое ново ниво добивате можност да изберете едно од трите понудени подобрувања. Овие благослови варираат од пасивни статистички засилувања, како што се зголемена штета или повеќе здравје, до активни способности кои можат драматично да го променат текот на битката. На пример, може да добиете способност непријателите да експлодираат при удар во глава или пак оружјето инстантно да ви се наполни кога ќе направите маневар за избегнување. Со над 150 различни благослови, секој нов обид за преживување нуди уникатно искуство.

Арсенал, мисии и долгорочна прогресија

Иако арените не се со импозантна големина, тие се дизајнирани да ја поддржат динамичната акција. Разновидноста доаѓа од различните мисии кои се поставени пред вас. Со нивно исполнување, отклучувате трајни надградби, нови оружја, корисни артефакти и валути кои ви помагаат во идните обиди. Овој систем на мета-прогресија е она што ве тера да се враќате повторно и повторно.

Дополнителна свежина воведуваат различните карактери кои можете да ги играте, секој со свои уникатни вештини и стил на игра. Паралелно со ова, имате можност да ги надградувате и самите оружја, кои вклучуваат митралези, сачмарки, револвери и друг демонски арсенал. Покрај оружјата, на располагање имате и моќни магии, како фрлање пеколен оган или привремено претворање во сениште за да ги избегнете нападите.

Непријателите, иако не се одликуваат со висока интелигенција, претставуваат сериозен предизвик кога ќе се појават во голем број, што е речиси секогаш случај. Нивната улога е да ве држат под притисок и да ја тестираат вашата способност за маневрирање и прецизно пукање.

Иако Hellbreak е сè уште во фаза на ран пристап, она што го нуди во моментов е импресивно и претставува солидна основа за иден развој. Играта е топла препорака за сите љубители на адреналински шутери и roguelite жанрот. Ако уживате во брза акција, постојани предизвици и задоволството од градење моќен карактер преку случајни надградби, тогаш Hellbreak дефинитивно заслужува внимание. Со експлозивна метал музика во позадина и гејмплеј кој ве држи на работ од седиштето, ова е пекол во кој со задоволство ќе се враќате.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments