Bellwright и најновото надополнување Maiden Voyage!

во гејминг

Најновото и најголемо ажурирање за средновековната игра за стратешко преживување Bellwright, насловено Maiden Voyage, има за мисија значително да го прошири светот на чедото на Donkey Crew. Фокусот на оваа надополнување е ставен на новата мапа Halmare Isles, која додава територија од над 10 квадратни километри или, со други зборови, зголемување од околу 25% во споредба со оригиналната игра. Покрај целосно нова територија за истражување, на новиот регион ќе наидете и на целосно нови квестови поврзани со приказната, како и систем за лојалност и фракции. Згора на ова, островите нудат понапредни ресурси и можности за истражување кои претходно не беа достапни. Дали е сега одлично време да се провери Bellwright?

Покрај географското проширување, Maiden Voyage носи и клучни механички подобрувања како систем за трговија и каравани, овозможувајќи ви да креирате логистички мрежи помеѓу вашите населби и да уживате во бенефити на покомплексен економски менаџмент, нешто што навистина недостасуваше во раните верзии. Одбранбениот аспект исто така не е занемарен и, овојпат е зајакнат со подобрен систем за фортификација на ѕидовите.

Благодарение на напредните параметри на вештачката интелигенција, напаѓачите и бранителите креираат пореалистични и потешки опсади. Сите оние кои сакаат дополнително да се опуштат, особено од комфорот на нивниот кауч, надополнувањето носи целосната поддршка за контролер. И, како уште една точка, имате на располагање и редизајниран креатор на ликови, со што се овозможува поголема персонализација на херојот.

Доколку никогаш не сте ја провериле играта, Bellwright се одликува со хибриден модел кој комбинира класично преживување со изградба на градови и менаџмент на колонии. За разлика од многу други игри во жанрот каде што морате сами да го работите сево ова, што знае и-тоа-како да биде здодевно, овде можете да регрутирате селани и да им доделите конкретни задачи.

Се работи за квалитетно осмислен систем на автоматизација кој ви дозволува да се фокусирате на она што вие лично сакате, додека вашите поданици да се грижат за работи кои не сакате, како, на пример, собирање дрва, готвење или изработка на опрема.

Ова никако не значи дека играта е лесна, потребен е одреден временски период да ги научите системите и да воспоставите стабилна економија, но со доволно трпение играта прекрасно се отвора и нуди бројни можности за забавна интеракција во светот.

Во поглед на борбениот систем, ќе ви биде се јасно доколку некогаш сте ја одиграле Mount & Blade. Се работи за механики каде што насоката на движењето на глувчето го одредува аголот на нападот и блокот. Идејата е добра, нема никакво сомневање тука, но изведбата честопати не е толку прецизна и може да предизвика фрустрација кај одредени гејмери. Командувањето со армијата исто така знае да биде интересно и да додаде квалитетен тактички елемент, но пак се работи за топло-ладна ситуација и лични вкусови. Имаме впечаток дека една група ќе биде крајно импресионирана од хаосот кој се одвива на бојното поле, а, друга група, онаа група која не сака непредвидливи или пасивни набљудувања, ќе биде благо разочарана од реализацијата на една епска средновековна битка.

Нема никакво сомневање дека Bellwright е амбициозен проект кој успешно балансира неколку жанрови. Надополнувањето Maiden Voyage дефинитивно покажува дека развојниот тим е на прав пат, ја слуша заедницата и е максимално посветен на додавање значајна содржина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments