Bodycam: Сурова, гласна и немилосрдна FPS игра

во гејминг

Bodycam се залага за значаен исчекор во FPS жанрот, првенствено затоа што ја користи целосната моќ на Unreal Engine 5 за да креира искуство кое ги тестира границите на визуелниот реализам. Развиена од независното студио Reissad, кое започна како страстен проект на двајца млади француски ентузијасти, играта симулира снимка од камера поставена на вашето тело, нудејќи искривена перспектива и динамичен опсег што потсетува на вистински полициски или воени снимки кои често се гледаат на интернет. Но, дали ваквата изведба драстично ја зголемување имерзијата и тензијата или пак само нуди фрустрирачки нов начин за искусување на FPS игрите?

Визуелниот идентитет на играта е најсилен адут, со фотореалистичните текстури, напредното осветлување и атмосферските ефекти кои никако нема да ве остават рамнодушни. Дизајнот на мапите, кои вклучуваат напуштени болници, руинирани куќи и густи шуми, во комбинација со темните простори, е направен да ја нагласи клаустрофобијата на блиската борба. Но, по неколку конфузни партии и „губење во простор“, не можете, да да не се запрашате колку е интуитивен самиот дизајн на нивоата.

Bodycam се оддалечува од аркадниот стил на популарните франшизи и максимално се фокусира на методологија и претпазливост. Движењето е намерно потешко и, со самото тоа, пореалистично. Чисто за пример, нема вештачки нишан на екранот, принудувајќи ве да се потпирате на инстинкт и рачното порамнување на оружјето. Повратниот удар од пушките е силен и бара дисциплинирано пукање. Паралелно со ова, константно сте принудени да се движите полека, со привремено вклучување на светилката и со често навалување за да видите што зад секој столб. Во Bodycam секој куршум е важен; брзите рефлекси се битни, но уште поважна е тактиката и координацијата со тимот. Звучниот дизајн го надополнува ова искуство со исклучително прецизно просторно аудио, каде што звукот на чекорите и ехото од истрелите даваат витални информации за позицијата на непријателот.

Bodycam нуди неколку режими на играње, вклучувајќи ги класичните Deathmatch и Team Deathmatch, како и поспецифичниот Body Bomb мод. Неодамна додадениот Zombie мод се обидува да внесе хорор елементи, но не е без маани. Имено, и покрај неодамнешните ажурирања кои ги поправија визуелните ефекти и проблемите со звукот, не се искоренети фрустрирачки моменти каде непријателите се создаваат директно зад вашиот грб, нарушувајќи го, притоа, реалистичното искуство. Развојниот тим активно работи на овие проблеми, како и на поправање на грешките со ултра-широките монитори и proximity четот.

Bodycam е амбициозен проект кој успешно демонстрира како изгледа иднината на визуелниот реализам во видеоигрите, но се уште се бори да го пронајде својот идентитет како комплетен производ. Во моментов, лесно би можеле да помислите дека играта функционира повеќе како импресивно технолошко демо со огромен потенцијал отколку како длабока, содржински богата игра. За љубителите на хардкор симулации и оние кои сакаат да видат што може да понуди најновата технологија, Bodycam е фасцинантно искуство, но оние кои бараат полирана, фер и содржински богата игра не е лошо да го следат раниот пристап и да почекаат играта да ги испегла техничките несовршености и не додаде повеќе гејмплеј елементи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk