Echoes of Elysium: Преживување помеѓу облаците

во гејминг

Echoes of Elysium, најновиот проект на студиото Loric Games, претставува амбициозен обид да се освежи survival жанрот на RPG игри преку преместување на дејството од земјата во небесните височини. Играта ве поставува во процедурално генериран свет со clockwork естетика, каде што примарната цел не е само да се преживее, туку да се изгради и одржува комплексна летечка тврдина.

Зад Echoes of Elysium стојат ветерани од индустријата кои претходно работеле на наслови како Star Wars: The Old Republic, нешто што лесно се забележува во длабочината на системите за прогресија и градење на светот.

Вашата задача е да се посветите на вашиот воздушен брод, кој служи како база, работилница и воена машина. Иако започнувате со скромни ресурси, лесно ќе можете да ги надополните вашите резерви преку истражување на расцепканите биоми и собирање материјали. Ваквите залагање ќе ви дозволат и да го надградите вашето летало од едноставен скиф до масивна тврдина. Системот на изработка, односно крафтинг е детален и бара стратешко планирање, особено кога играте во кооперативен режим со до шест пријатели.

Борбата се одвива на два фронта – против копнени закани и против воздушни механички чудовишта и непријателски флоти од фракцијата Херон. Неодамнешните ажурирања, кои следеа по Steam Next Fest, значително го имаат подобрено искуството на летање и управување со бродот, правејќи го истражувањето поинтуитивно. Битките знаат да бидат исклучително напнати, со крајни непредвидливи исходи.

Комбинација на убавото со смртоносното

Елисиум е прикажан како заборавен рај полн со тајни, со механички ѕверови напојувани со души како демнат зад секој агол. Тимот на Loric Games веќе има посветено значително внимание на балансирањето на економијата во играта како би се потиснале долгите грајнд сесии и, со самото тоа, да се забрза моментумот на напредок. Веќе се забележителни и подобрувањата на корисничкиот интерфејс и системот за едрилици. Како резултат, играта пофлуидно ги воведува новите играчи во овој комплексен свет.

Echoes of Elysium веќе ветува длабоко и предизвикувачко искуство за љубителите на жанрот, особено за оние кои уживаат во тимска работа и инженерство. Иако играта сè уште се развива и се надградува, јасната визија на дизајнерите и фокусот врз креативната слобода при изградбата на бродовите ја издвојуваат од конкуренцијата. Доколку барате опстанок кој нуди повеќе од само преживување – односно чувство на дом меѓу облаците – овој наслов дефинитивно вреди да го проверите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments