Constance: Уметничко патување низ внатрешниот свет

во гејминг

Constance е 2D акциона авантура во стилот на Metroidvania. Чедото на bft ги спојува предизвикувачките платформски елементи со емотивна приказна за менталното здравје.

Во Constance, ја преземате улогата на уметничка душа која, вооружена со својата голема четка за сликање, се обидува да избега од нејзиниот внатрешен свет. Распаѓачкиот свет е колоритен, но истовремено и деструктивен, претставувајќи ги нејзините лични борби со креативноста и психичката состојба. Наместо класичен херојски наратив, Constance нуди интроспективно патување каде секој биом и непријател симболизираат различни аспекти од нејзината психа и минато, откривајќи, притоа, интерактивни ретроспективи за нејзиниот живот.

Constance константно ве охрабрува да ја користите четката и за напад и за движење, дозволувајќи ви да се нурнете во подот и ѕидовите или пак да пловите низ воздухот. Системот на напредување ви дозволува да отклучувате нови техники, да добивате пристап до претходно недостапни делови од нелинеарниот свет, како и да решавате комплексни загатки и да совладувате платформски предизвици.

Во ваквото креативно истражување и пресметки, потребно е да одржувате и одреден баланс. Имено, прекумерната употреба на техниките може да доведе до корупција на бојата, што носи негативни последици за хероината. Дополнително, секојпат кога ќе умрете, ќе можете да донесете одлука дали да продолжите по истиот пат, очекувајќи поразличен резултат или пак да се вратите на сигурна точка и да истражите други патишта.

Constance се одликува со рачно цртаната графика, со дизајн на свет кој варира од прекрасни пејзажи до мрачни и вознемирувачки сцени, нешто што одлично ја доловува темата за опаѓачкото ментално здравје. Звучниот дизајн, пак, се одликува со музика која суптилно се менува во зависност од емотивниот тон на сцената, нешто што позитивно влијае во поглед на имерзијата.

Кога ќе се земат сите работи во предвид, Constance се истакнува како квалитетна платформска игра која е внимателно осмислена за да ги мајсторски испреплетува механиките на играње со наративот. Темите за менталното здравје се претставени преку креативна призма која не го нарушува забавниот аспект на играта. Поради тоа, доколку барате предизвик пропратен со интригантна приказна и прекрасна естетика, оваа игра нуди солидно и незаборавно патување низ лавиринтите на човечкиот ум.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments