Darkway: Murder of King Mere e невообичаен наслов каде навлегувате о улогата на детектив и максимално ги вложувате вашите способности за да го расветлите убиството на кралот Мер.

Играта на IM/MORTAL Studios ви дава огромна слободата во пристапот кон истрагата, овозможувајќи нелинеарно искуство. Вашето темелите истражување ќе пружи можности за собирање докази и испрашување осомничени по сопствен редослед, без строго зацртана патека која мора да се следи. Самиот систем е осмислен на таков начин да дозволува обвинување на речиси секој лик што ќе го сретнете. Благодарение на ваквиот пристап, крајот кој вие ќе го добиете е само еден од над 20 можни завршетоци. Пет од тие завршетоци се варијации на правилното решение доколку вистинскиот виновник биде осуден. Така да, доколку сакате детективски истраги и обвинување на се што има пулс, само за да видите каков ќе биде резултатот на таквото нешто, тогаш ова е игра која би можеле и-тоа-како да ви се допадне.

Покрај детективската работа и дедукцијата, значаен дел од гејмплејот во Darkway: Murder of King Mere опфаќа и физичко движење, односно истражување на таканаречениот рад на мастилото. Играта инкорпорира платформинг елементи преку паркор систем каде ја користите вашата агилност за качување по ѕидови на замокот, искачување кули и откривање скриени патеки. Посветување внимание на запуштени и навидум недостапни места е суштински дел од процесот на собирање докази, барајќи од вас да ги комбинирате интелигенција и рефлекси доколку сакате успешно да ја комплетирате истрагата.

Како што напоменавме на почетокот, приказната се развива преку интеракција со над 20 ликови, при што изборите и дијалозите директно влијаат на текот на настаните и, нели, крајниот исход. Ваша важна задача е и да менаџирате со односите и довербата на овие карактери за да отклучите витални информации, истражувајќи теми како древни култови и политички заговори што довеле до падот на кралот. Притоа, не можеме, а да не го апсолутно пофалиме визуелниот стил кој користи специфична комбинација на сликарски техники со пиксел-арт естетика. Прекрасна и ретко видена реализација која, барем кај нас, ни остави впечаток како да не беше доволно добро оптимизирана.

На крајот на краиштата, Darkway: Murder of King Mere претставува комплексна комбинација на детективска авантура и платформинг акција. Доколку навлезете во играта ќе забележите дека вашиот фокус е максимално ставен на истражување, на вашите избори, како и на последиците што произлегуваат од погрешните или точните обвиненија. Благодарение на ваквата смеса, насловот нуди висок степен на повторливост, плетејќи уникатен спој на механичката агилност со логичката дедукција, создавајќи, притоа, динамично искуство за сите љубителите на мистерии.








