Of Ash and Steel: Враќање кон корените на класичните RPG игри

во гејминг

Of Ash and Steel е нов наслов од независното студио Fire & Frost (издаден од tinyBuild), кој храбро отвора носталгични рани, нудејќи искуство кое потсетува на култните класици како Gothic и Risen.

Како акциона RPG игра во отворен свет, Of Ash and Steel ве става во улога на Тристан, обичен картограф кој преку сплет на околности се наоѓа на суровиот остров на Кралството на седумте. За разлика од модерните игри каде сте веднаш моќен херој, овде започнувате како никој и ништо, принудени да се борите за се. Релативно долгата и квалитетно напишана приказна нуди над 45 часа содржина, а бројните дијалози, книги и пресврти се дополнително зачинети со можноста вашите одлуки ем влијаат врз светот и ем врз тоа како останатите NPC ликови ве перцепираат.

Ако нешто е Of Ash and Steel тоа е брутална игра која никако не сака да ве држи за рака. Намерно се исфрлени системите за одбележување на вашите квестови, па дури и мини-мапи. Нема никаква модерна помош која ви покажува точно каде да одите. Наместо тоа, мора внимателно да ги слушате упатствата од ликовите, да читате белешки и самите да се снаоѓате низ светот користејќи ништо повеќе од вашата љубопитност.

Наспроти што би можеле да помислите, ваквиот пристап создава длабока имерзија, но бара огромно трпение, а, под огромно, мислиме ОГРОМНО. Светот е богат со различни биоми и нуди широк спектар на професии – од ковач и алхемичар, до рибар и ловец – овозможувајќи ви да создадете уникатен меч или напивка која ќе ви помогне во понатамошните авантури. Можете и да се придружите на една од двете главни фракции, секоја со своја приказна и ексклузивни награди.

Борбениот систем е, очекувано, тактички и немилосрден, особено во почетокот. Бидејќи вашиот лик не е војник, борбата се заснова на менаџирање на издржливоста, тајминг на нападите и вешто користење на три различни борбени ставови. Првите судири може да бидат фрустрирачки тешки, но како што напредувате вие и вашиот лик, така борбата станува пофлуидна и позадоволителна.

Графички, играта, која е изработена во Unreal Engine 4 нема да ве инмпресионира на исто ниво како најскапите AAA наслови, но нуди шармантна и атмосферска визија која одлично го доловува средновековен свет. Ова е придружено со солиден звучен дизајн мајсторски ви дозволува да ја искусите суровоста на опкружувањето.

Меѓутоа, не е се сјајно и треба да бидете подготвени и на одредени технички недостатоци и багови кои се чести кај вакви амбициозни инди проекти (како долги вчитувања, нагли исклучувања и нефункционални квестови).

Трпение за поспоро темпо

Of Ash and Steel е солиден обид да се импресионира старата школа на RPG жанрот. Уште во првите минути, станува инстантно јасно дека играта е наменета за оние кои сакаат предизвик и не сакаат играта да ги води чекор по чекор. Но, навлезете со отворен и флексибилен ум и она што ќе најдете е ретко чувство на задоволство кое произлегува од самостојно откривање и преживување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments